1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Путин за повеќе набљудувачи на ОБСЕ

ЕМФ /дпа/афп/миа/ртр/ард16 март 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел со рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски за ситуацијата во Украина. Таа изрази загриженост и побара повеќе набљудувачи на ОБСЕ во земјата.

https://p.dw.com/p/1BQb1
Фотографија: Reuters

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел предложила брзо зголемување на бројот на набљудувачи на ОБСЕ во Украина, особено во источниот дел на земјата. Рускиот претседател Владимир Путин на оваа иницијатива реагирал позитивно и рекол дека ќе го задолжи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров околу ова прашање, рече Зајберт. За иницијативата на Меркел за повеќе набљудувачи утре (17.03) треба расправа Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

Според информации од Кремљ, Путин во разговорот со Меркел повторно нагласил дека референдумот на Крим е во согласност со меѓународното право.

И украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска побара Организацијата за безбедност и соработка во Европа да испрати свои набљудувачи во јужните и источните делови на Украина.

„Тие треба да имаат мандат на истокот и на југот на Украина, вклучително и на Крим“, нагласи Јацењук.

Кери и Лавров за уставна реформа во Украина

John Kerry und Sergej Lawrow Symbolbild Lawrow droht Kerry am Telefon
Кери и Лавров разговарале за уставна реформа во Украина, се тврди во МоскваФотографија: picture-alliance/abaca

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот американски колега Џон Кери, пак, во телефонски разговор денеска (16.03) постигнале согласност дека е неопходна уставна реформа во Украина, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва. Потврда за ваквата информација од Вашингтон засега нема.

Ова е втор телефонски разговор на Кери и Лавров во последните два дена.

Прекин на огнот на Крим до петок

Инаку, Украина и Русија денеска постигнаа договор за примирје на Крим, што ќе важи до 21 март, соопшти украинскиот министер за одбрана, Игор Тењух. По завршувањето на седницата на украинската влада, Тењух информираше дека договорот за примирје го постигнале командантот на украинската воена морнарица Сергеј Гајдук и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„До 21 март Русија нема да презема никакви активности против вашите воени единици на Крим. Поради тоа нашите воени единици продолжуваат со пополнување на резервите“, рекол Тењух.