1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел бара објаснување од папата, Ватикан одбива

4 февруари 2009

Нов момент во аферата околу британскиот бискуп Ричард Вилијамсон. Германската канцеларка Ангела Меркел побара од папата Бенедикт 16 јасен став за неговата одлука за рехабилитација на познатиот негатор на Холокаустот.

https://p.dw.com/p/GmqY
Ангела Меркел и папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Ставот на Папата веќе е доволно јасен, изјави портпаролот на поглаварот на Римо-католичката црква Федерико Ломбарди за германското радио АРД во Рим.

„Што мисли Папата за Холокаустот, многу јасно дојде до израз во Келнската синагога на 19 август 2005 година, потоа во поранешниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау на 18 мај 2006 и на генералната ауденција што следуваше три денови подоцна и конечно со недвосмислени зборови пред кратко време на крајот на генералната аудиенција на 28 јануари“, изјави Ломбарди.

Ватикан ја отфрлува критиката

Ватикан не допушта да биде ставен под притисок, тој ја отфрла критиката. Тоа што германската канцеларка Ангела Меркел отворено побара од германскиот папа јасен став околу прашањето на непризнавањето на холокаустот, сепак предизвика паника кај некои од одговорните во Куријата.

Барем сега е јасно каква криза предизвика укинувањето на одлуката за екскомуникација на четворицата бискупи од „братството на Пие“. И покрај тоа, Ломбарди, се разбира, не сакаше да шпекулира за тоа дали Бенедикт 16 на денешната генерална аудиенција, исто како и во минатата среда, лично ќе заземе став за случувањата.

„Тешко ми е е сега да кажам дали ќе се случи тоа. Без каква било кавга велам дека нема натаму што да се разјаснува, зашто појасно од наведеното не може да биде“, рече Ломбарди.

Што мисли папата?

Притоа прашањето кое пред се’ си го поставуваат верниците и црковните лица во Германија не се однесува на личниот став на папата за геноцидот врз европските Евреи од страна на нацистите. Позицијата на Бенедикт Шеснаесетти за ова никој не ја доведува под сомнеж. Несигурност повеќе предизвикува прашањето, каков курс завзема католичката црква, зашто е сигурно, и покрај целиот неуспешен менаџмент на актуелната криза, дека напорите за повторно приближување на „Братството на Пие“ кон Рим ги превзема самиот Ватикан, без притоа да бара исполнување на предуслови, кои инаку се бараат од другите отпадници од црквата.

Во тоа многумина гледаат потврда за тоа дека папата Бенедикт Шеснаесетти е подготвен да им излезе во пресрет на маргиналните групи во црквата од конзервативниот и реакционерниот спектар.