1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МВР во пресметка со насилните навивачи

ЖА/макфакс/миа13 октомври 2013

Министерката за внатрешни работи Јанкулоска на прес-конференција соопшти дека МВР во соработка со спортските работници ќе превземе обврска за изменување на Законот за спречување на насилство на спортските натпревари.

https://p.dw.com/p/19ypX
Фотографија: Sergei Supinsky/AFP/Getty Images

Инцидентите за време на спортските натпревари се честа појава која завршува со тешки последици и поради тоа, Министерството за внатрешни работи, изминативе неколку месеци извршило сериозни компаративни анализи на законодавството кое што го покрива насилството на спортските терени, но и ја анализирало и состојбата во Македонија, особено по последните измени во законите.

„Прво, сметаме дека, согласно со англиските искуства, неопходно е да се изврши дефинирање на посебните услови кои треба да ги исполнат спортските објекти, опфатени со Законот за спорт. Тоа значи дека врз основа на тие услови ќе треба да се изврши реконструкција на постоечките спортски објекти, како и просторот околу истите, поради зголемување на безбедноста на посетителите“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, појаснувајќи дека оваа мерка би требало да опфати воспоставување на надворешна безбедносна ограда околу спортскиот објект, воспоставување на посебни влезови и излези за гостински навивачи, воспоставување на посебни приоди до влезот за гостински навивачи на спортскиот објект, како и создавање на услови цела трибина или дел од трибина да биде посебно одвоена за гостинските навивачи.

Gordana Jankuloska
Гордана ЈанкулоскаФотографија: MIA

Според Јанкулоска, ваквите измени би имале за цел создавање на правна обврска за организаторот на спортскиот напревар за контролирана продажба на билети, што подразбира пред да се пуштат во продажба, да се оствари координација со МВР како и да се предвиди можноста по барање на полицијата од безбедносни причини организаторот да го ограничи бројот на влезници кои ќе бидат пуштени во продажба и да го намали бројот во однос на вкупниот капацитет на спортскиот објект.

Со овој законот исто така би требало да се воспостави евиденција во МВР за лица на кои им е изречена мерка забрана за присуство на спортски натпревари, како и заострување на казнената политика, односно неовластеното влегување во спортскиот терен, употребата на пиротехнички средства, палење на државното знаме, а во зависност од понатамошните анализи и други недозволени поведенија да се пропишат како кривични дела, со можност за изрекување казна затвор.