1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајка Тереза прогласена за светица

БГ4 септември 2016

Папата Франциско ја прогласи Мајка Тереза за светица на мисата која се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим, во присуство на околу 100 илјади верници и гости од целиот свет.

https://p.dw.com/p/1JvWO
Фотографија: Reuters/S. Rellandini

„Во чест на светото тројство ја прогласуваме и дефинираме блажената Тереза од Калкута за светица и ја вбројуваме меѓу светите, и укажуваме дека треба да биде почитувана како таква од целата Црква“, рече Папата на латински.
19 години по нејзината смрт, Мајка Тереза доби место во историјата благодарејќи на нејзината несебична помош и залагање за сиромашните и болните.


Родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во 1910 година во Скопје, Мајка Тереза стана икона на 20 век.

Мајка Тереза- животот на една светица

Плоштадот Св. Петар се исполни со аплауз уште додека Папата ја завршуваше својата реч во која ги набројуваше чудата на Мајка Тереза.
На мисата присуствуваа околу 100 илјади луѓе, далеку помалку од 2003 година кога Мајка Тереза беше прогласена за блажена, а настанот го следеа близу 300 илјади. Овојпат, Ватикан ја стави безбедноста на прво место, стравувајќи од можни терористички напади.


Церемонијата се одржа еден ден пред 19-годишнина од смртта на Тереза во Колката, индискиот град каде мина речиси четири децении од својот живот.