1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ројс не е во тимот за ЕУРО 2016

ЕМФ/сид31 мај 2016

Селекторот на германската репрезентација Јоахим Лев од тимот за ЕУРО 2016 ги прешкрта Ројс, Белараби, Брант и Руди. При збогувањето паднаа и солзи.

https://p.dw.com/p/1IxlY
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Wolf

Ариведерчи Аскона - Карим Белараби, Јулијан Брант, Себастијан Руди и Марко Ројс предвреме го напуштија тренинг-кампот на фудбалската репрезентација. Притоа, падна и понекоја солза и тоа не само кај квартетот што си заминува.

Брутално тажно е особено за Марко Ројс, кој токму денес полни 27 години. „Лекарите беа многу скептични“, образложи селекторот Лев. Тој додаде дека Ројс поради повредата „може да трча само право“ и дека му е многу жал за одлуката.

Заминувањето од кампот на останатите тројца не е изненадување. „Им благодарам на играчите. Се надевам дека добро ќе го поднесат разочарувањето“, рече Лев.

Репрезентацијата на Германија својот прв натпревар од европското фудбалско првенство го игра на 12 јуни против Украина. Во нејзината група се и Полска и Северна Ирска.

Погледнете го видеото:

Солзи на разделба