Мал авион се урна во Албанија во обид за шверц на дрога
11 мај 2014Албанската полиција доцна синоќа го уапсила Италијанецот под сомнение дека се обидел да прокриумчари дрога. Министерството за внатрешни работи на Албанија информираше дека на стотина метри од местото каде се урнал авионот на Италијанецот имало автомовил со 460 килограми канабис.
Авионот се урнал на јадранската плажа Дивјака на 80 километри југозападно од Тирана. Авионот од типот „Пајпер“ со оштетен пропелер и искината гума бил пронајден на плажата еден час по неговото полетување од аеродромот во Тирана.
Министерот Самир Тахири информираше дека полицијата уапсила и еден Албанец кој се обидел да побегне од автомобилот носејќи 27.000 евра со себе.
Албанија е земја во која се одгледува канабис, но исто така служи како транзитно место за дрогата која доаѓа од Азија.