1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон - спасител и уништувач

Барбара Везел
7 мај 2018

Модернизација врз урнатините на стариот политички систем, што претседателот Макрон ја спроведува веќе една година. Прашањето е: колку време ќе добие за потфатот од Французите?

https://p.dw.com/p/2xI5d
USA Capitol Hill in Washington | Emmanuel Macron, Präsident Frankreich
Фотографија: Reuters/A. Bernstein

Кога  Емануел Макрон на 7 мај 2017. ја славеше неговата изборна победа, тој и неговите приврзаници за еден миг ја уживаа леснотијата на моментот. Речиси и да не е за верување  дека му успеа да го разбие францускиот партиски систем со неговото ветување дека од урнатините ќе издигне нова Франција. Макрон кабинетот го состави од конзервативни, социјалистички и независни министри. Микс од нови и искусни политичари коишто се подготвени да ја следат визијата и водството на младиот претседател. Системот е поставен околу неговата личност, со тоа што преку само мал број луѓе од доверба ги држи уздите во негова рака.

(Макрон го ограничи пристапот на медиумите до Елисејската палата, ретко два интервјуа и стриктно ги контролира информациите на Владата до медиумите. На почетокот на неговиот мандат претседателот неговата водржаност ја образложуваше со тоа дека функцијата носела „вселенска” оддалеченост од народот, со што беше изложен на подбивот на медиумите и Французите. Во меѓувреме се чини сфатил дека е тенка линијата меѓу надменост и подбив, па покажува порелаксиран однос.)

Повеќе: 

Макрон како противотров за Трамп

Ќе ги следи ли мајчичка Меркел плановите на Макрон за Европа?

Надежта е во Европа

Повеќето избори периодов имаат анти-европски исход. Виктор Орбан во Унгарија е најновиот пример. Емануел Макрон пак победи со јасно проевропска порака и дури има храброст да зборува за натамошно проширување на ЕУ.

(Тој своите идеи минатата есен ги претстави во говор на Сорбона во Париз каде предложи разумни реформи за Еврозоната, нова социјална и солидарна иднина и заживување на партнерството со Германија.)

Иако економските реформи на претседателот ги критикуваат како „десни”, на темата Европа покажува „леви” тенденции. Но, патот од визија до реализација се чини подолг од очекуваното. Бесконечниот процес на формирање владина коалиција во Берлин и во Бундестагот, со слаб европолитички профил, брзо ги овенаа очекувањата на Французите дека ќе процветаат.

Berlin Merkel und Präsident Emmanuel Macron
Ангела Меркел и Емануел МакронФотографија: Reuters/A. Schmidt

Речиси најдобри пријатели

Една од најсилните страни на францускиот претседател е неговата способност да ги придобие за себе и повозрасните и поискусните играчи. Тој ја шармираше и канцеларката Меркел. На обично многу воздржаната Меркел успеа да ѝ извлече речиси девојчинска насмевка.

(Новото пријателство меѓу Франција и Германија се чини како да е паднато од небесата и претседателот Макрон инвестираше енергија и персонал за да го придвижи познатиот француско-германски запчаник. Минатата година извештаите за новиот бран соработа звучеа многу оптимистички.)

Медениот месец во меѓувреме како да заврши. Ангела Меркел влезе во четвртиот мандат со заслабени позиции, министерот за финансии од редовите на СПД ги блокира реформите во Еврозоната исто како и неговиот конзервативен претходник и првичната еуфорија тресна на цврстото тло на германската претпазливост и воздржаност.

(Канцеларката изгледа знае дека и таа носи одговорност за успехот на Макрон, но се чини неизвесно дали има простор да планира заедничка иднина.)

Огномет од реформи

Емануел Макрон сака Французите по секоја цена да ги довлечка во 21 век, иако тој самиот плановите ги скицира со малку подипломатска нота. Неговата цел сепак е радикална. Претседателот многу добро знае дека потребните реформи ќе мора да ги спроведе брзо пред отпорот против него да се формира и зацврсне. Тој веќе ги реализираше даночните олеснувања за компаниите и класата со поголеми приходи, како и реформа на пазарот на трудот со тоа што ја омекна строгата заштита против отпуштање од работа и воведе нови правила во гранковите тарифни преговори. Тоа се типични мерки на еден економски либерал, велат неговите критичари. Тоа е нужно флексибилизирање на здрвената француска економија, велат оние што ги бранат неговите политики. Па така реформите продолжуваат и во образованието, во правосудството и прекуресорно, во сите делови на политиката. Мерките шо ги презема се налик одење по јаже.

Но, може да се забележат и успеси. За прв пат во една деценија задолжувањето на Франција падна под трирпцентната граница предвидена во ЕУ. Економијата по долгата стагнација бележи пораст од 2 проценти, прогнозите се позитивни и бизнис климата е заживеана. Но, невработеноста бележи незначителен пад и натаму се движи околу 9 проценти. (Емануел Макрон знае дека тука се нужни потемелни реформи и промена во менталитетот. Сепак успехот на тоа поле ќе биде критериум според кој ќе биде оценуван на крајот на неговиот мандат.)

Во низата мерки, претседателот неодамна се зафати и со решавање на прашањето со проблематичниот синдикат на железницата. Тој сака да им скрати некои привилегии и дефицитарната државна железница внимателно да ја подготви за работа според пазарните услови и конкуренцијата. Синдикалците организираа штрајкови и протести. Сепак во ниту еден момент не беше комплетно прекината работата на железницата и отпорот по неколку недели се стиша. Мнозинството Французи и натаму ги поддржуваат реформите на Макрон и до сега успеа да избегне да биде предмет на гнев на граѓаните.

USA Washington - Donald Trump trifft Emmanuel Macron
Во мачо-манир - Макрон и Доналд ТрампФотографија: Reuters/J. Ernst

Големиот државен циркус во надворешната политика

Во надворешната политика Фрнцузите уживаат во харизмата на младиот претседател. Тој земјата која со децении страдаше од стигмата на вторкласност и небитност, за само неколку месеци ја врати назад на меѓународната сцена. Макрон неуморно се бори за влијанието на Франција во поранешните колонии во Западна Африка, тој се ангажира околу војната во Сирија, отпочнува мировни иницијативи, му се спротиставува на Путин и при секоја меѓународна криза застанува во првите борбени редови.

Неговите патувања и државни посети претседателот ги слави со помпа. Затоа Французите се подготвени и да му го простат пријателството со американскиот претседател Доналд Трамп за кој Макрон смета дека било попаметно да се разговара со него отолку да се остави на страна да прави што сака. (Неговата емоционална интелигенција го оспособува без големи минуси во имиџот да го преживее и мачовистичкото однесување на Трамп, особено кога Макрон истовремено во американскиот Конгрес држи борбен говор.) Неговата надворешна политика Макрон ја става целосно во служба на честа и на славата на Франција и со тоа на домашен терен ги храни националните чувства на својот народ.

Најтешкото допрва доаѓа

Емануел Макрон знае дека за него и неговите следбеници најтешкото допрва доаѓа. Годинава му претстои реформата на пензискиот систем кој веќе не може да се финансира, што може да биде иницијална каписла за нови масовни протести. Намалувањето на работни места во администрацијата и дополнителни кратења во државните издатоци бо можеле исто така да предизвикаат отпор. (Сето она што сака да го спроведе во следните години е опасно со оглед на скепсата на Французите спрема неговиот курс на модернизација на земјата. Билансот на Макрон ќе зависи од неговите економски успеси, а тука му е потребна и малку среќа, а не само голем труд и ефикасна програма за работа.)

Поранешните политички конкуренти на Макрон сѐ уште не заздравија од нивниот политички пад. Социјалистите, конзервативците и екстремната десница по неверојатниот пораз и натаму се во фаза на свое редефинирање. Како слабоста на претседателот во следните години може да се покаже движењето од кое тој самиот произлезе и кое му помогна за изборите, но сѐ уште не можеше да се трансформира во заживеана партија. Тој исто така мора да ја добие довербата на Французите надвор од граѓанско либералниот блок. Доверба од 50% на гласачите по една година на власт не е лоша цифра. Но, дури и за ученикот Макрон кој може да служи како пример за други, на свидетелството за сега стои: може и подобро.