1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирамнет меч

6 јануари 2012

Во израмнет меч, македонската репрезентација во Скопје загуби од европскиот првак Хрватска со 9:8 во рамките на Светската лига.

https://p.dw.com/p/13fCm
Фотографија: DW

Македонската ватерполо репрезентација синоќа на Олимпискиот базен во Скопје во натпревар од 3. коло од Светската лига загуби со 8:9 (1:3;4:2;1:3;2:1) од европскиот првак Хрватска.

Македонските ватерполисти прикажаа добра игра и доколку ударот на Милан Петровиќ во последните секунди завршеше во мрежата на хрватскиот голман, Македонија ќе дојдеше до изедначување.

„Задоволен сум од тактичкиот пристап на овој натпревар и од реализацијата со играч повеќе и одбраната со играч помалку. Проблем на овој натпревар ни беа исклучувањата (Македонија имаше 14), а загрижувачка е физичката подготовка. Ние ќе продолжиме да работиме и знаеме што е нашата цел на Европското првенство“, истакна по натпреварот селекторот на Македонија, Игор Гочанин.

Македонија на почетокот на третиот период поведе со 6:5, на што европскиот првак врати со серија од 4:0 за водство од 9:6. Головите за Македонија ги постигнаа Данијел Бениќ - 3 голови, Благоје Ивовиќ и Мирослав Ранџиќ по 2, а Иван Вуксановиќ 1. Кај Хрватска најефикасни со по три голови беа Сандро Сукно и Михо Бошковиќ.

Ова беше натпревар од „Б“ групата од Светската лига, а по два одиграни натпревари Хрватска е прва со 5 бодови, пред Германија со 4, а Македонија е без бод.

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за ЕП во Холандија и од денеска до недела ќе настапи на турнир во Истанбул. Вечерва од 19 часот Македонија игра против домаќинот Турција, утре од 18:30 часот е дуелот со Холандија, а в недела од 10:30 часот е натпреварот со Романија.

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска