1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луфтханза ја шири својата мрежа

17 септември 2008

Луфтханза го презема конкурентот од Белгија, Брисел Ерлајнс. Германската авиокомпанија е во преговори за преземање и на Аустријан Ерлајнс. И италијанската Ал Италија, која е во тешка фаза, ја посакува за партнер

https://p.dw.com/p/FJe6
Авиони на двете компании на аеродромот во БриселФотографија: picture-alliance/dpa (M)

"Луфтханза" се повеќе ја шири мрежата на авиоврски. Во минатата година беше договорено преземањето на Свис Ер, сега следува купување на белгискиот "Брисел Ерлајнс". За корисниците на услугите на "Луфтханза", кои на пример сакаат да патуваат од Барселона кон Манчестер, тоа значи дека треба да летаат преку Франкфурт или Минхен, исто така преку Цирих, а во иднина и преку Брисел. Шефот на "Луфтханза" Волфганг Мајрхубер вели:

„ Доколку сега го додадеме и Брисел како аеродром, тогаш нашите патници ќе добијат дополнителна локација за патување, која исто така географски е добро поставена.

Придобивки и за двете компании

Како идеално дополнување Маерхубер ја посочува и новата реклама од Белгија. Пред се за бизнис патувањата од главниот град на ЕУ, за кои се специјализираше Брисел Ерлјнс како и за врските со Африка:

„ Брисел ги разви авиоврските на пример со Африка. Тоа дава големо значење за заедничко работење, за двете компании. Ја поврзуваме нашата мрежа, која е многу моќна и голема„

„Брисел Ерлајнс„ веќе подолго беше во потрага по силен партнер. Авиокомпанијата, која произлезе од државната Сабена, во 2001 година банкротираше. Во меѓувреме компанијата покажа добивка, која во минатата година изнесуваше 23 милиони евра, или плус од девет милиони, споредено со годината претходно.

„Луфтханза„ ќе добие зголемување бидејќи шефот на Брисел ерлајнс Етјен Давињон смета дека со Германците ќе може да се оди на патот кон побрз развој. Освен тоа Давињон смета дека марката треба да остане под самостојно раководство вклучително и 3000 вработени:

„ Станува збор да се добие корист од заедничкото работење, а не да се отпуштат вработени„ вели Давињон.

Чекор кон целосно преземање

Соработката на двете компании треба да донесе годишна заработка од околу 50 милиони евра. „Луфтханза„ за првиот чекор кој значеше купување на 45% од капиталот на компанијата, плати 65 милиони евра. Според договорот, по две години „Луфтханза„ ќе може и целосно да ја преземе Брисел ерлајнс. Цената за ова ќе зависи од идниот развој на работењето. Меѓутоа таа не треба да ја надмине сумата од 250 милиони евра.

Многу пари кои шефот на „Луфтханза„ Маерхубер ги зема во рака. Во истовреме и проектот за купување треба да продолжи. Покрај партнерство со ослабениот скандинавски САС, Луфтханза е во трка исто така и кај „Ал Италија„ и австрискиот „Аустријан Ерлајнс„:

„ Мислам дека барањето на светското население за мобилност, брзо менување на летовите, повеќе опции, е едноставно тука и ние мораме за Европа тоа и да го направиме. Тоа е единствената причина заради која тоа го правиме„

Но се разбира дека „Луфтханза„ исто така е компанија која бргу се развива, а и конкуренцијата се обидува да ја држи на дистанца. На пример главните ривали, француско холандската компанија Ер Франс-КЛМ и натаму е број еден во светот. Но исто така и за растечките авиокомпании од Азија кои се стремат кон овдешните пазари.