1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон, домаќин на ЛОИ во 2012

6 јули 2005

Главниот град на Велика Британија Лондон е домаќин на ЛОИ во 2012. Делегатите на Меѓународниот олимписки комитет на гласањето во Сингапур го дадоа гласот за Лондон кој во третиот круг го победи најсериозниот кандидат Париз.

https://p.dw.com/p/AcEE
Фотографија: AP

„Меѓународниот олимписки комитет има чест да соопшти дека 30 Летни Олимписки Игри во 2012 година се доделени на градот Лондон„

Изјавата на Жак Рок претседател на меѓународниот олимписки комитет предизвика вистинска еуфорија во салата во Сингапур, каде сите со нетрпение го очекуваа градот домаќин на ЛОИ.

Веста од Сингапур предизвика ерупција од еуфорија во Лондон. Шампањско, музика, игра, млади стари едноставно целиот град ја слави големата победа, честа да биде домаќин на најмасовното спортко натпреварување на планетата.

Голема заслуга Лондон по трет пат да биде домаќин на игрите, покрај оргзнизаторите на подготовките секако има и премиерот Тони Блер кој беше присутен во Сингапур да лобира за својата држава. Таму беше и францускиот претседател Жак Ширак. Париз, кој до пред неполни два часа важеше за фаворит не успеа, по 1924 за втор пат да биде домаќин.

Голема беше радоста и на Дејвид Бекам фудбалерот на Реал од Мадрид кој во Сингапур го преставуваше Лондон. Пред гласањето тој изјави:

„ Доколку ни биде дадена шанса да ги организираме овие Олимписки игри луѓето ќе видат дека тоа е вистинската одлука, бидејќи мислам дека тие ќе влезат во историјата како едни од најдобрите досега„ рече Бекам

Инаку покрај Лондон и Париз, во трката беа и Њујорк, Москва и Мадрид, кои испадмаа во првиот односно втор круг од гласањето.