1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лисабон за Македонија ќе биде реприза на Букурешт

19 ноември 2010

Заклучокот од Букурешт за прием на Македонија ќе биде повторен на самитот на НАТО во Лисабон, потврди претпладнево (19.11.2010) на прес-конференција портпаролот на Алијансата, Џејмс Апатурај-прво решение за името.

https://p.dw.com/p/QDhh
Фотографија: DW / Petr Stojanowski

Иако новиот стратешки концепт се‘ уште не е усвоен, Апатурај изјави дека е можно да се каже дека делот кој се однесува на приемот на Македонија нема да претрпи измени и дека земјите-членки ќе останат на ставот дека е потребен заеднички компромис околу спорот за името за да може да и‘ биде врачена поканата за прием во НАТО на Македонија. Апатурај потврди дека Алијансата ќе остане и на својата заложба за натомошно поширување. Македонија не треба да се надева на било какви промени во поглед на добивањето на поканата за НАТО, како што најавуваше новиот македонски амбасадор во НАТО, Мартин Треневски. Без компромис со јужниот сосед, шансите Македонија да и‘ се придружи на Алијансата се рамни на нула. Портпаролот на НАТО потсети денеска и дека во НАТО сите одлуки се носат со консензус и дека интересите на сите 28 земји-членки се почитуваат и рефлектираат во крајните одлуки на организацијата.

Македонија на дводневниот самит во Лисабон е претставена од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој ќе учествува на расправата за Авганистан, каде Македонија учествува во воените мисии на Алијансата.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема