1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лима донесе разочарување, но не и изненадување!

Ирене Кваил Превод А.Трајковска14 декември 2014

Светската климатска конференција во Перу донесе помалку отколку што некои очекуваа. Но, на овие годишни собири не би требало да им се придава премногу значење смета Ирене Кваил.

https://p.dw.com/p/1E3vK
Фотографија: Reuters/E. Castro-Mendivil

Тоа што годишните климатски конференции се продолжуваат и до последна минута се преговара за најчесто незадоволувачки компромиси во меѓувреме стана рутина. Дека од оваа рунда не се очекуваше голем пробив, всушност беше одамна јасно. Впрочем не попусто САД и Кина уште пред почетокот на конференцијата сигнализираа подготвеност да соделуваат при заштитата на климата. Тоа беше добро за општата атмосфера, без да мораа да се наведат амбициозни цели. Но, дека ниту Кина, ниту САД нема да сакаат надворешно да се проверат нивните податоци, исто така никого нема да го чуди.

Земјите до март 2015 година имаат време да достават конкретни бројки и цели за новиот светски договор за климата, кој на крајот ан 2015 година треба да биде усвоен во Париз. Беше наивно да се очекува дека тие ќе дозволат да бидат ставени под притисок веќе во Лима.

Тоа што американскиот министер за надворешни работи лично испрати апел на конференцијата, беше настан. А дека земјите во развој нема да реагираат со воодушевување на опомената, дека би трбало да ги редуцираат CO2 издувните гасови, е малку зачудувачки. Кери можеби е во право, но тоа да се слушне од претставник на земја која во минатото беше една од земјите, кои најмногу придонесоа за затоплувањето на климата, е тешко сварливо.

Најдоцна по последниот извештај на Светскиот совет за климата годинава е јасно што мора да се случи. Исфрлањето на штетни гасови смее да се покачува најмногу до 2020 година, ако сакаме климатската промена да биде во некои подносливи рамки. До 2050 година мора главниот удел за потребата од струја во светот да биде покриен со обновливи енергии. До 2100 година би требало да се спроведе укинување на фосилното стопанство.

За да се псотигне ова секоја држава мора да даде свој придонес. Тоа што земјите во развој притоа сакаат да имаат поинаков третман е разбиливо со оглед на фактот дека „само“ индустриските земји досега беа главните предизвикувачи на климатските промени. Но, тоа што една земја како Кина, која во меѓувреме емитува најмногу CO2- сака да биде третирана како земја во развој е чудно. Исто така не смее да изгуби од видот тоа што бумот со јаглен во Индија ќе стане огромен проблем за светската клима.

Deutsche Welle Irene Quaile-Kersken
Ирене КваилФотографија: DW

Секоја година истиот театар

Штета што годишниот театар со продолжувањето до викенд и приложувањето на силно заслабена резолуција го свртува вниманието од напредокот во Лима и месеците пред тоа. Зелениот климатски фонд е опремен со повеќе од 10 милијарди долари. И големите климатски грешниции Кина и САД сепак препознаа што е итно неоходно за да се имплементираат мерки за заштита на климата. Јасно, на зборовите треба да следуваат дела. Во Лима меѓутоа тоа сѐ уште не можеше да биде регулирано, но зачестувањето на временските екстреми во двете земји и огромните проблеми со загадувањето на воздухот во Кина се најдобра гаранција за тоа дека двете држави во наредните години ќе бидат активни.

Досегашните мерки ни од далеку не беа доволни светот да се заштити од опасното покачување на температурата, далеку повеќе од границата од два степени целзиусови. По ова прашање малку се смени во Лима. Кој се надеваше премногу, можеше само да се разочара. Сепак, во меѓународни рамки се повеќе се согледува дека нема алтернатива за климатската заштита.

Климатските конференции неможат да го спасат светот

Климатските конференции се важни, бидејќи на светот му е потребен обврзувачки климатски договор. Но светот да го спасат од опасното климатско затоплување,тоа овие конференции не го можат. Напорите за заштита на климата не прават пауза од декември до декември. Промената мора да се случи во секојдневата политика. Преминот кон обновливи енергии и „зелениот“ економски модел се клучот за успехот. При сета разочараност за конференцијата во Перу: Лима требаше да биде важен чекор на патот кон Париз. Чекорот меѓутоа беше помал отколку што многумина очекуваа.

Ако годишните климатски конференции се земат како мерило, притисокот расте и со тоа и ризикот да пропаднат. Многу непријатни одлуки се одложуваат за идната година. Париз тереба сѐ да реши. Ако очекувањата од овие двонеделни манифестации се превисоки, тогаш се осудени на пропаст. Владите во светот морат да ги извршат своите домашни задачи. За Париз да донесе успех, претходно мора да се постават насоките - не само на преговорите кај ОН.