1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лафонтен ја напушти СПД

25 мај 2005

Поранешниот претседател на социјалдемократската партија на Германија Оскар Лафонтен вчера соопшти дека ја напушта партијата и одново се заложи за широк фронт на левицата. Тој се уште не ја вратил партиската книшка, но тоа е само формален чин, изјави вчера Лафонтен. Ваквата реакција е всушност консеквенца што прозилегува од законот Харц 4 за реформа на пазарот за работа на црвено-зелената коалиција:

https://p.dw.com/p/Acpw
Лафонтен мина во друг табор
Лафонтен мина во друг таборФотографија: AP

Партијата за демократски социајлизам и левата изборна алтернатива ВАСГ во која се наоѓаат поранешни членови на СПД, планираат заеднички да настапат на предвремените избори планирани за наесен. Како адути во дебата се Лафонтен и долгогодишниот шеф на ПДС Грегор Гизи. Ако се формира таков сојуз, јас сум „за„ изјави Лафонтен. ПДС и ВАСГ ја поздравија неговата најава. Образложувајќи го излегувањето од партијата, Лафонтен изјави:

„Ако СПД на парламентарните избори оди со Харц 4 и Агендата 2010, јас тоа не можам да го поддржам. Тоа значи дека моето членство заврши. Јас сум изненаден од предвремените избори, но соопштив готовност ако се состави заедничка листа, да учествувам на неа„.

Според изјавата на претседателот на ПДС Лотар Биски неговата партија е подготвена на разговори за сојуз на левицата, иако изборниот закон и терминот до есен претставуваат тесни граници:

„Мора да се почитува германскиот закон, што значи фактички да се формира нова партија. Но, се сомневам дали е тоа можно да се направи во толку кус рок и со се што е потребно за тоа„.

Шефот на СПД за Сарланд, Хајко Мас го поздрави излегувањето на Лафонтен од партијата и изјави:

„Беше крајно време да се расчисти ова прашање и сега конечно е јасно. Така од претседател на партијата сега стана противник„.

Германскиот канцелар Герхард Шредер на потегот на Лафонтен реагираше со хумор:

„Не ја исклучувам можноста дека со посебно големи објективи се посматра дали моите брчки се станати подлабоки. Можам да ве смирам: земете архивски фотографии и споредете. Ќе видите дека се исти„.