1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажен аларм: „избеганите“ диви животни зад решетки

1 јуни 2018

Диви животни од зоолошка градина во Линебах за кои беше јавено дека избегале, се зад решетки. Стануваше збор за , додека една мечка е убиена.

https://p.dw.com/p/2ynsX
Löwen im Eifel-Zoo Lünebach
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Tittel

Неколкуте опасни диви животни, за кои денеска беше јавено дека избегале од една зоолошка градина во германската покраина Рајнланд Пфалц, се во своите оградени живеалишта, соопшти портпарол на регионалната управа од Битнург во Ајфел. Станува збор за една мечка, два лава, два тигри и еден јагуар. Мечката била убиена уште на почетокот на акцијата за фаќање на животните, во која учествувале и ловци.

Се сметаше дека животните од Ајфеловата зоолошка градина во Линебах избегале. Овој регион, како последица на синоќешното невреме, бил поплавен, а притоа дел од оградите на зоолошката градина биле разлабавени. До населението беше упатена покана да не ги напушта домовите додека трае опасноста. Но, подоцна преку снимки од дрон беше утврдено дека дивите животни за кои се сметаше дека избегале, всушност се наоѓале засолнети во своите живеалишта. Зоолошката градина во Линебах, која е во приватна сопственост, располага со околу 60 примероци од егзотични и домашни животински видови. На површина од околу 30 хектари има вкупно 400 животни, меѓу кои и сибирски тигар и лавови.