1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдите во Сирија и во Ирак-кој е противник, а кој партнер?

Клеменс Ференкоте/ Ж.А.29 јули 2015

По промената на курсот на турската влада кон Курдите, настапи голема несигурност. Како ќе реагираат Курдите на откажувањето на Ердоган од мировниот процес? Курди живеат во Сирија и во Ирак - кој е сојузник на Западот?

https://p.dw.com/p/1G6l2
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Hamed

Ербил пред осум дена, во седиштето на претседателот на автономниот регион Курдистан во северен Ирак: Масуд Барзани за новинската агенција АП даде изјава за својот однос кон ПКК, Курдската работничка партија и кон претседателот на турската држава, Реџеп Таип Ердоган:

„Ако Турција предложи мировно решение, а ПКК го одбие, ние сме подготвени да преземеме се‘ против ПКК. А ако Турција ја користи ПКК како изговор за борба против нас, спремни сме да се браниме.“

Автономниот курдски регион во северен Ирак останува во напнат однос со ПКК. Причините за длабоката антипатија на Барзани имаат корен во поновата историја: кога во 1991 година ОН, по Заливската војна, воведоа економски санкции против Ирак под лидерство на Садам Хусеин, Курдите во северниот дел од земјата доживеаја горчлив доказ за непостоење етничка солидарност: ПКК се погрижи единствените поврзни рути од Турција кон северот на Ирак да останат затворени за тамошните Курди. Во автономниот курдски регион тоа никој не го заборави.

Irak USA Kurden Verteidigungsminister Ashton Carter bei Massoud Barsani in Erbil
Ештон Картер и Масуд Барзани во Ербил, 24.07.2015Фотографија: Reuters/A. Lashkari

По инвазијата под водство на САД и соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година, се случи нешто слично: милиционерите од ПКК, кои ги окупираа планините Кандил во крајниот север на ирачкиот курдски регион и го користеа за отстапен регион и засолниште при нападите врз Турција, наидоа на стриктно одбивање од Барзани. Токму во оваа област, која пред неколку дена беше бомбардирана од турската борбена авијација, како што извести сериозниот интернет портал „Ал Монитор“ во понеделникот, турските авиони Ф16 во три бранови извршиле вкупно 185 напади против 400 наводни позиции на ПКК. Меѓу ПКК и Масуд Барзани, претседателот на автономниот регион Курдистан во северен Ирак, владее клима на длабока меѓусебна недоверба. На 21 јули Барзани за АП изјави:

„Пред неколку дена Ердоган побара од ПКК да го предаде оружјето и да се врати во Парламентот со цел решавање на проблемите. Мислам дека е тоа умна идеја.“

Токму алармирачките телефонски повици од бирото на Масуд Барзани до американскиот претседател ноќта меѓу 7 и 8 август минатата година го поттикнаа Барак Обама на драстична промена на курсот: терористичката милиција Исламска држава, по заземањето на Мосул, се најде на само 25 километри пред вратите на Ербил, без американски воздушни напади ситуацијата не можеше веќе да се држи под контрола, изјави подоцна Барзани. Обама уште истата ноќ даде зелено светло - остатокот во меѓувреме е историја: курдските пешмерга-борци од Западот, вклучувајќи ја и Германија, добија воена опрема, оружје, обука. Оттогаш тие во северниот дел од Ирак како единствена способна воена сила водат копнена борба против терористичката милиција Исламска држава, масивно поддржувани од воените напади на сојузниците.

Во северна Сирија Курдите, загрозени од ИД, беа исто така тие кои ја поттикнаа Америка на интервенција во граѓанската војна: опсадата на ИД на граничниот град Кобане во средината на септември минатата година можеше да биде пробиена со помош на американските воздушни воени напади и пешмерга-борците дојдени да помогнат од ирачки Курдистан.

Курдските единици на народна одбрана, официјално формирани во 2012 година заради заштита на курдското население во сириската погранична област кон Турција, до денес се единствената воена сила во овој регион на Сирија која се спротивставува и ја потиснува Исламска држава. Американскиот министер за одбрана Ештон Картер пред две недели ги нарече „екстремно ефикасни на копно“. На шефот на Пентагон притоа очигледно не му пречеше близината на курдско-сириските анти-ИД борци кон ПКК.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема