Кризата во германската СПД
10 јуни 2005Кризата во германската социјалдемократска партија и дискусиите за уставните промени на патот до предвремени парламентарни иѕбори во земјата и натаму се глави теми во коментарите на германските весници.
,, Главна улога во новонастанатата криза во гермаската влада има сојузниот канцелар Герхард Шредер“, пишува во својот коментар ,, Вествалише Нахрихтен“.
,, На Шредер не му преостанува ништо друго туку и натаму да оди напред, покрај останатото и поради острите напади на левото крило од неговата партија кон германскиот претседател Хорст Келер и признанието на шефот на СПД Франц Минтерферинг дека повеќе нема контрола врз членовите на партијата. Шредер најави дека нема да поднесе оставка но и дека останува на тоа да се спроведе пакетот најавени реформи. Со тоа привренемно ги смири групата политичари од СПД , но сега прашање е колку ќе трае тој мир. Значи, оставката на Шредер е тргната од девен ред, но до 1 јули има уште време и ништо веќе не е исклучено,, пишува меѓудругото во коментарот на ,, Вестфалише нахрихтен“.
Колумнистот на ,, Зидојче цајтунг“ смета дека Шредер веќе ги искористил сите расположливи средства , така што социјалдемократската партија оваа година веќе го минала процесот на ерозија и влегува во фаза на распаѓање.
,,Членовите и раководството на партијата сега би требало да подготвуваат аргументи поради кои населнието не би требало да ги бира нивните политички противници. Наместо тоа, тие секојдневно произведуваат нови причини за гласачите дополнително да ја губат довербата во СПД,“ пишува коментаторот на ,,Зидојче цајтунг.“
Сличен став има и неговиот колега од ,, Фајненшл тајмс Дојчланд“. Во неговиот текст читаме:
,, Многумина социјалдемократи имаат чувство дека се наоѓаат во брод кој што плови во правец на голем водопад. Таквото чувство е потплно раѕбирливо, бидејќи на партијата на парламентарните избори и се заканува пораз што би можел да достигне историски димензии. Затоа и речиси невозможно е да се спречи паниката на екипажот на бродот, кој почнува хистерично да размислува околу разни можности за спасување, па дури и за бунт против капетанот“, пишува ,, Фајненшл Тајм Дојчланд“.
И ,,Ноје оснабрукер цајтунг“ ја третира истата тема:
,, Посетата на Герхард Шредер на Хорст Келер е само обид да се преземе водството во сопстената партија. Нечесната расправа за неутралноста на сојузниот претседател му нанесе оргомни штети на авторитетот на канцеларот. Тоа значи дека тој мораше да реагира со целиот свој личен авторитет, како и да побара јавно да престанат нападите насочени кон шефот на државата. Тоа секако, е чесен потег, но за него и прилично ризичен. Повторното распламтување на таа дебата ка канцеларот во сопствените редови би можела да до претвоти в обичен тигар од хартија. Во такој, случај, тој никогаш повеќе не би можел да смета дека повторно ќе стане канцелар. Кој би сакал на чело на државата да има човек што не е способен да ги заузда и сопствените луѓе? “ се прашува коментаторот на Ноје Оснабрукер цајтунг.