Кој од балканските лидери е љубимец на Ангела Меркел?
6 јуни 2017Реклама
Една работа го издвојува Александар Вучиќ од останатите балкански лидери: канцеларката Меркел се состана со него во екот на предизборната кампања во Србија. Таква јасна поддршка таа им имаше пружено уште само на француските претседателски кандидати. Вучиќ дефинитивно има добар статус. Значи ли тоа дека официјален Берлин слепо му верува? Погледнете во новото издание на #DE-facto: