1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е највисокиот олимпиец, кој најмладиот, а кој најстариот?

АТ/ сид6 февруари 2014

На 7. февруари во руското ордморалиште Сочи на Црното Море започнуваат 22. Зимски олимписки игри. Кои спортисти веќе се најдоа во првите редови, по својата височина или старост?

https://p.dw.com/p/1B2zw
Фотографија: picture-alliance/dpa

Благодарение на дебитантското дуо Ернст и Зајдел германската олимписка делегација ќе биде во првите редови уште пред почетокот на 22. Зимски олимписки игри во Сочи. Џанина Ернст, која ќе се натпреварува во скијачки скокови, и Ана Зајдел од Дрезден, која ќе се натпреварува во дисциплината лизгање на куси патеки, се заслужни за тоа.

Ернст, која е родена Швајцарка и која од јуни мината година настапува за Германија, има само 15 години и еден месец и е најмладата учесничка на ЗОИ на Црното Море. Зајдел, пак, која учи во спортска гимназија, заедно со австриската натпреварувачка во скијачки скокови Киара Хелцл и украинскиот фри-стајлер Александер Окипњук се најлесните спортисти учесници на Олимпијадата со само 43 килограми.

Најмлад машки спортист, кој ќе настапи во Сочи, е јапонскиот сноубордер Ајуму Хирано, кој има 15 години и два месеци. Тој на 11. февруари во т.н. Halfpipe ќе го предизвика трикратниот олимписки првак, американската суперѕвезда Шон Вајт.

Од ваквите спортски сфери многу оддалечен е „метузалемот“ на Игрите. Хубертус цу Хоенлое, кој во неделата го прослави својот 55 роденден, целосно го исполнува мотото - „ најважно е да се учествува“. Хубертус цу Хоенлое, кој е роден во Мексико, по шести пат ќе учествува на Зимски олимписки игри и се смета за егзотичен спортист. Најстариот Германец кој учествува во Сочи е Јон Јар, кој настапува во карлинг.

Највисокиот на Игрите истовремено е и најтшкиот спортист. Словачката ѕвезда во хокеј на мраз Здено Хара е висок 2,06 метри и тежок 117 килограми. Тој е цели 60 сантиметри повисок од „џуџињата“ на ЗОИ, јапонскиот натпреварувач во скијачки скокови Наруми Такахаши и Канаѓанецот Лиам Фирус, наптреварувач во уметничко лизгање. Тие се високи само 1,46 м.