Конфернеција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид
26 октомври 2007Реклама
Комуникацијата и дијалогот мора да се негуваат на патот кон подобар свет, истакна денеска во Охрид, македонскиот премиер Никола Груевски на отварањето на светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Тема на тридневната конференција е „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почиит и соживот“. Конференцијата е продолжение на неколку регионални форуми и собири во рамктие на декадата на ОН за дијалог меѓу цивилизациите. На собирот присуствуваат повеќе од 300 претставници.