1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се урна патнички авион

СН/ агенции
29 ноември 2016

Во чартер авионот се наоѓале играчите на бразилскиот фудбалски прволигаш Шапекоенсе. Авионот исчезнал од радарите во близина на колумбискиот град Меделин. Има и преживеани.

https://p.dw.com/p/2TQfk
Karte Flugzeug mit Fußballteam in Kolumbien abgestürzt
Фотографија: picture-alliance/Google

Според последните ионформации операцијата за спасување на местото на несреќата на бразилскиот авион биле прекинати поради поројните врнежи. Властите трагаат по преживеани откако авионот со 81 патник и членови на екипажот се урна во текот на изминатата ноќ. 

„Операциите за потрага и спасување на урнатиот авион се привремено прекинати поради поројниот дожд на местото на несреќата“ , беше соопштено од аеродромот во Меделин каде што авионот требаше да слета.

Според различни информации досега од урнатините на авионот биле спасени меѓу три и десет патници. Вкупниот број на настрадани засега не е познат.

Според непотврдени информации чартер авионот  бил изнајмен за превоз на фудбалерите на Шапекоенсе, а според сеуште непотврдени информации се урнал поради недостиг на гориво.

Kolumbien Mediziner vom San Juan de Dios hospital transportieren Fußballer Alan Ruschel
Фотографија: Imago/Agencia EFE

Во авоинот вкупно имало 72 патници и девет членови на екипажот. Авионот од типот Аероспејс 146 полетал од Сао Паоло, еднаш слетал на аеродромот во Санта Крус де ла Сијера, во источна Боливија, а потоа продолжил кон Колумбија. Инаку со овој авион пред десетина дена патувале фудбалерите на аргентинскиот национален тим.

Бразилските медиуми поренесоа дека контролата на летање го загубила контактот со авионот по полноќ, според локално време и дека тој се урнал неколку моменти пред да слета.

Фудбалерите на бразилскиот тим во Колумбија требало да играат против локалниот Атлетико Насионал во првиот финален натпревар во Копа Судамерикана, пандан на европската Лига Европа.

Јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ  по авионската несреќа ги откажа сите активности поврзани со финалето на Копа Судамерикана.  КОНМЕБОЛ соопшти дека нејзиниот претседател Алехандро Домингез се упатил кон Меделин