Колку се сигурни автомобилите кои возат сами?
21 јануари 2016Автомобилите кои возат сами се една од големите теми во браншата. Сите сакаат да замешаат прсти во трендот на иднината, сеедно дали се работи за етаблирани автопроизводители или не.
Ако техниката го преземе управувачот, возењето ќе стане и побезбедно, велат застапниците. Освен тоа, возачите може да опуштат.
Гугл, пак, има поинакви искуства: според еден извештај, кај дури 350 тест-возења со автомобили-роботи морале да интервенираат луѓе од концернот. Во 11 случаи само така можела да се избегне несреќа.
Додека производителите се преокупираат со идејата за автомобили без возач, ги превидуваат другите - покомплексни - технологии, како испраќачи на сигнали кои ги поврзуваат возилата со интернет и спречуваат несреќи по пат на комуникација во мрежата.
Овде може да го погледнете видеото:
Американскиот министер за транспорт Ентони Фокс вели: „Наша цел е што побрзо да ја етаблираме оваа техника. Во последните години на американските автопати имаше околу 33.000 жртви во сообраќајни несреќи. Ако новата техника успешно го замени човечкото дејствување, стапката на несреќи би можела да се намали за 80%. Тоа би бил извонреден пресврт!“
Американското министерство за сообраќај веќе се изјасни официјално ЗА ваква „комуникација возило со возило“ и сака да биде инсталирана што е можно побргу во секое ново возило. Производителите на автомобили-роботи тука се воздржани и велат: со каква техника треба да биде опремен автомобилот, треба да одлучат само муштериите.