1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина: Од копирач до лидер во технологијата?

Џанг Данхонг / Александар Методијев16 јуни 2014

Со години Кина во светот служеше како работилница. Патот со економска сила Кина си го скрати со тоа што ја копираше техниката од другите земји во светот. Сега Кина се подготвува самата да стане авангарда во иновациите.

https://p.dw.com/p/1CJ78
Фотографија: picture-alliance/Landov

Кинеските марки и натаму се малку присутни во Германија. Исклучок од тоа е Хуавеј. Се’ повеќе потрошувачи се воодушевуваат пред се’ од цената, па потоа од квалитетот, при барањето на смартфон. Но, Хуавеј е повеќе отколку само една евтина варијанта на Епл. На крајот на 1980-ите години основаните фирми во специјалната економска зона Шенжен долго време беа проблем за технолошките концерни. Хуавеј, пак, спаѓа меѓу водечките светски сопственици на патенти.

Во 2012 година Кина ја надмина Германија со бројот на пријави на патенти. Само во САД и Јапонија се регистрираат повеќе патенти во споредба со Кина. Меѓу 650.000 пријави на патенти во Кина 60 проценти од нив потекнуваат од компаниите. „Ова покажува дека е завршена трансформацијата на кинескиот систем на иновации“, оценува Филип Беинг, економист во Центарот за европски економски истражувања. Притоа тој мисли на трансформација од планска економија кон пазарно ориентиран систем, во кој компаниите се носители на иновации.

Во скок кон технолошка светска сила

„Кина е многу амбициозна да стане технолошка нација и во моментов е на пат да ја реализира оваа амбиција“, објаснува Беинг во интервју за Дојче веле. Со два процента од БДП во моментов Кина троши повеќе пари на истражувања и развој отколку што е просекот во ЕУ, вели Беинг. Причината за тоа што на Кина сега не се гледа како на технолошка сила меѓу другото лежи и во тоа што при пријавите на патенти некои мора да бидат одбиени. „Економската вредност на патентите е неверојатно поделена. Во Кина забележуваме огромна маса на пријави на патенти. Во секој случај, споредбено просечната вредност на овие патенти е безначајна“, оценува Беинг. Тој проценува дека сепак, во следните пет до десет години, Кина ќе го достигне светскиот врв.

Philipp Böing Zentrum für Europäische Wirtschaftsforschung
Филип БеингФотографија: DW/D. Zhang

Ендру Тајалкот од Универзитетот Шефилд е скептичен. Тој вели дека со сигурност има одредени динамички фирми, ама вкупно земено важи тоа дека кинеските компании не се иновативни. Една причина е што најдобрите мозоци на Кина порадо одат во странски компании, нагласува Тајалкот.

Германско-кинеска година на иновации

Georg Schütte Bundesministerium für Bildung und Forschung
Георг ШитеФотографија: DW/D. Zhang

Германија сака да влезе во иновациско партнерство со Кина. За тоа веќе оваа пролет во Берлин разговараа германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Двајцата лидери сакаат 2015 година заедно да ја направат година на иновации.

„Ние сакаме во оваа година да ги поттурнеме посебно темите урбанизирање, а тоа значи развојот на големите градови, заштита на животната средина, производството на енергија и модерната мобилност“, вели Георг Шите, државен секретар во Сојузното министерство за образование и истражување. Тој овој тренд го нарекува глобализирање на истражувањето и развојот.

А, наведените теми се во области во кои Германија извезува технологија кон Кина, ама и во кои Кина може многу бргу да и’ стане конкуренција на Германија. Каде запира соработката, а каде почнува конкуренцијата?

„Конкуренцијата почнува таму каде што почнува создавањето на дополнителна вредност во команиите“, смета државниот секретар Шите. Понекогаш на компаниите им се исплати заеднички да спроведуваат истражувања. „Но, колку што доаѓаат поблиску до пазарот, толку поголем станува личниот интерес на актерите“, дополнува Шите.