Ким Јонг Ун освои сто проценти од гласовите
10 март 2014Во изборната единица на севернокорејскиот лидер на гласање изглегле сите граѓани со право на глас и сите му дале поддршка на Ким Јонг Ун. Резултатот е израз на „апсолутната поддршка и длабоката доверба на воените сили и на останатото население во врховниот водач“, јави државната агенција КЦНА.
Детали за текот и резултатите на изборите за останатите членови на севернокорејското Народно собрание засега не се соопштени. Сепак, резултатите однапред се познати, со оглед на тоа што во сите 687 изборни единици настапуваше само по еден единствен кандидат, а гласањето во Северна Кореја е законска обврска. Поради тоа, резултатите од гласањето, односно бројот на граѓани кои излегуваат на избори, се сметаат и како попис. Граѓаните кои се спречени да излезат на гласање, примаат посета дома, каде го даваат својот глас.
Во Северна Кореја секои пет години се спроведуваат избори за Народното собрание, кои важат за формалност. Ова се први избори по стапувањето на Ким Јонг Ун на должност.