1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кери предлага прекин на огнот на Блискиот Исток

АТ/ ард25 јули 2014

Министерот за надворешни рабoти нa САД Џон Кери изготвил предлог за прекин на оног во Појасот Газа. Сѐ уште е неизвесно дали двете страни ќе го прифатат предлогот. Бројот на жртвите меѓу цивилното население расте.

https://p.dw.com/p/1CioC
Фотографија: Reuters

По повеќедневни тешки борби во Појасот Газа расте надежта за положување на оружјето меѓу Израел и радикално-исламистичкиот Хамас. Израелскиот кабинет за безбедносни прашања ги разгледува предлозите на американскиот државен секретар Џон Кери. Израелскиот весник „Хаарец“ повикувајќи се на неименувани владини претставници пишува дека Кери им го доставил нацрт-планот на двете страни.

Израелскиот весник и радиото известија дека прекинот на огнот бил предвиден прво за неколку денови. Во тој период израелската армија би смеела и натаму да уништува тунели на палестинска територија, кои Хамас ги изградил за терористички цели. Раководството на радикално-исламистичкиот Хамас би требало и натаму да преговара со Египет за олеснувања во блокираните области на Палестинците.

Израелското раководство ќе го одобрело предлогот, доколку истото го сторел и Хамас, јавуваат медиумите. Според нив хуманитарниот прекин на огнот би можел да почне уште викендов. Со тоа би се поклопил со крајот на месецот на постот Рамазан и празнувањето на Бајрам.

Комплицирани преговори

„Њујорк тајмс“ информираше за план во два степени, според кој прво би требало да се постигне прекин на огнот и потоа би требало да се водат разговори.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери од почетокот на неделата е на Блискиот Исток, за да ги убеди Израел и Хамас на прекин на огнот. Досега неговите напори не вродија со плод. САД во основа ја поддржуваат египетската иницијатива, која предвидува враќање на состојбата по последната ескалација на насилството во ноември 2012 година.

Во меѓувреме бројот на загинати Палестинци во израелската воена офанзива се искачи на повеќе од 800 луѓе. Изминатите денови се водеа жестоки борби и беше нападнато и училиште на Обединетите нации.