1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кери и Бан бараат решение за Блискиот Исток

АТ/ ртр/ дпа/афп22 јули 2014

Посредувачка мисија на министерот за надворешни работи на САД Џон Кери и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за надминување на конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Исходот е отворен.

https://p.dw.com/p/1CgRL
Фотографија: Reuters

Дури и во САД оптимизмот не е особено голем, со оглед на борбите во Појасот Газа. „Њујорк Тајмс“ цитираше неименуван американски службеник дека ситуацијата во моментов била далеку потешка отколку при Газа-конфликтот во 2012 година, кога тогашната министерка за надвореши работи Хилари Клинтон успеа да постигне крај на непријателството преку преговарачки пат. „Напорите за положување на оружјето во некои аспекти се потешки од 2012“, рече соговорникот од Стејт департментот за весникот. Регионот денес бил подлабоко поделен.

Дијалог со Хамас?

Шефот на американската дипломатија Џон Кери и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун вчеравечер пристигнаа во египетскиот главен град Каиро. Првиот човек на ОН по неговото пристигнување го повтори барањето за итен преки на огнот. Израел и милитантните Палестинци потоа би можеле да започнат дијалог за надминување на разликите, рече тој.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери по разговорот со Бан има намера да се сретне и со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси и министерот за надворешни работи Сами Шукри. На програмата е и средба со генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби.

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас и водачот на Хамас-организацијата во егзил Калед Машал во катарскиот главен град Доха ги разгледуваат можностите за постигнување прекин на огнот. Водечки политичари на Палестинците говореа за „одреден напредок“, меѓутоа укажуваат дека договор меѓу Израел и радикално-исламистичката палестинска организација Хамас и натаму не бил на повидок.