1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кери бара прекин на нападите, Ердоган обвинува за тероризам

АМ/афп15 јули 2014

Американскиот државен секретар Џон Кери го повика Хамас да го прифати предлогот за примирје со Израел, доставен од посредникот Египет, и да запрат нападите со Израел во Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/1Cd8C
Фотографија: REUTERS

Во писмената изјава објавена од Стејт департментот, Кери ја поздравува одлуката на Израел да го прифати предлогот за примирје.

„Египетскиот предлог за примирје и преговори дава можност за ставање крај на насилството и враќање на мирот“, вели Кери. „Ја поздравуваме одлуката на израелскиот кабинет да го прифати тоа“, додава тој.

Хамас одби да го прифати египетскиот предлог да се запре еднонеделното насилство. Во него загинаа 190 Палестинци.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се вмеша во проблемот обвинувајќи го Израел за спроведување „државен тероризам“ преку воздушната офанзива во Газа.

Erdogan im Parlament in Ankara
Ердоган го обвинува Израел за државен тероризамФотографија: Reuters

„Израел продолжува да спроведува државен тероризам во регионот. Никој освен нас не кажува тоа да запре“, изјави Ердоган пред пратениците од неговата партија, обвинувајќи го Израел дека спроведува „масакар“ врз Палестинците. „До кој степен светов ќе остане да молчи на овој државен тероризам“, праша Ердоган. Според турскиот премиер во моментов не станува збор за некакво нормализирање на затегнатите односи меѓу Израел и Турција.