Капитулацијата на Берлин
2 мај 2016На денешен ден (2 Мај) во 1945 година Советските трупи го освоија Берлин, седиштето на нацистичкиот режим на Адолф Хитлер. Речиси шест години по почетокот на Втората светска војна, нацистичкиот режим ги броеше своите последни денови.
БиБиСи на 2 Мај 1945. јавува:
„Ја прекинуваме програмата со извонредни вести од Москва. Берлин падна. Маршал Сталин соопшти дека е целосно освоен главниот град на Германија, Берлин- центарот на германскиот империјализам и агресија“.
На 20 април паѓаат првите советски гранати врз Берлин. Хитлер со својата придружба се крие во бункер на денот на својот роденден.
Советите стигнаа пред портите на Берлин на 22 април 1945 година, денот кога градоначалникот на Берлин го прогласи градот за линија на фронтот. Раководството на нацистичка Германија оттогаш повеќе не беше видено во јавност. Десет дена подоцна, градот падна во рацете на Советите.
Советскиот марш кон Берлин започна во јануари 1945. Три и пол години претходно Вермахтот беше на само неколку километри од Москва, но не успеа да го освои главниот град на СССР.