1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И малите контингенти во Авганистан даваат голем придонес за мирот

Силвера Падори-Кленке10 јуни 2014

Генерал полковник Ханс-Вернер Фриц, прв човек на Оперативната команда на Бундесверот во изјава за ДВ го пофали ангажманот на македонскиот контингент во ИСАФ мисијата во Авганистан.

https://p.dw.com/p/1CCkG
Фотографија: DW/S. Padori

Меѓу 48.000 војници од 48 нации кои се вклучени во мисијата ИСАФ во Авганистан континуирано својот придонес го дава и контингент со припадници на АРМ. Генерал полковник Ханс-Вернер Фриц, прв човек на Оперативната команда на Бундесверот во Потсдам, од каде се следат и координираат сите операции во странство во кои е вклучен Бундесверот, во 2010 и 2011 години беше командант на германскиот контингент на ИСАФ во Авганистан.

Дојче веле го праша генерал полковник Фриц: Какво е неговото искуство со македонските војници, кои иако не се дел од НАТО со години се вклучени во различни мисии на Алијансата?

„За ова искуство можам да зборувам многу конкретно, зашто овие војници беа во мојот штаб, како би кажал - беа пред мене. Затоа и велам: Начинот на кој пристапуваа кон ангажманот, на кој ги извршуваа задачите, како соработуваа во штабот, според моите критериуми беше многу, многу добар. Сметам дека и малите контингенти можат многу да придонесат во севкупната задача која треба се исполни. Верувам дека тоа го овозможува мултинационалноста. Секој што доаѓа е добредојден. Без разлика дали се малкумина кои придонесуваат, или, пак се многу. Важно е дека доаѓаат и се вклучуваат. Затоа и уште еднаш подвлекувам: Иднината на задачите, а ова се однесува и на германските вооружени сили, е во мултинационалноста. Не можам да си претставам ниту една задача во која Германија би настапувала сама“, изјави за Дојче веле генерал полковник Ханс-Вернер Фриц.