1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источните ЕУ-членки треперат од брезгит

Јанис Пападимитриу / Е.М.Фиданоска18 јуни 2016

Источните ЕУ-членки како Полска, Бугарија и Романија, стравуваат дека брегзит би имал негативни последици за нив. И притоа, не се работи само за економијата и миграцијата.

https://p.dw.com/p/1J8EQ
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Rain

По проширувањето на ЕУ, Велика Британија беше една од првите стари членки на Унијата кои го отворија својот пазар за работа за новајлиите. Во текот на изминатите години во земјата доаѓаа сѐ повеќе висококвалификувани работници и луѓе со универзитетско образование. Нето-доселувањето (значи нови доселеници без оние кои ја напуштиле земјата) во 2014 година достигна рекорден број од 330.000. Најголемиот дел од нив - Полјаци. Во моментов, во Велика Британија работат речиси еден милион Полјаци. Кон тоа треба да се додадат и 200.000 Бугари и Романци. Големо прашање е дали по евентуален брегзит Велика Британија и натаму би осигурувала слобода на движење и работа.

„Загрижени сме дека полските работници по евентуален брегзит не би имале право на слобода на избор на место на живеење и работа. Можеби од дел од нив ќе биде побарано да ја напуштат земјата“, вели во разгвоор за ДВ Дариуш Росати, европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Полска. Европскиот политичар смета дека такви сигнали веќе се испраќаат од Лондон.

Во секој случај, нагласува Росати, доколку на референдумот на 23 јуни победат приврзаниците на брегзит, не би бил јасно дефиниран правниот статус на источноевропските работници. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дава уверување дека работниците и студентите од другите ЕУ-држави кои се наоѓаат во Велика Британија нема за што да се плашат. Но, работата изгледа поинаку за оние кои допрва сакаат да се иселат. Во тоа е уверен и грчкиот европратеник Милитиадис Киркос. Граѓаните на ЕУ кои денес работат на островот, би смееле тоа да го прават и натаму. За новодојдените, меѓутоа, работите ќе стануваат сѐ потешки. Тоа би било лоша вест за Грците, зашто сѐ повеќе луѓе од кризната земја се во потрага по работа во Велика Британија - најмалку 41.000 од избивањето на должничката криза во 2010 година. Освен тоа, островот важи за место кое грчкиот среден слој го претпочита за студирање.

Kein Massenansturm aus Osteuropa in Sicht
Во Велика Британија работат речиси еден милион Полјаци и 200.000 Бугари и РоманциФотографија: Reuters/Nasa

Посакуван партнер

За луѓето од Источна Европа Велика Вританија е повеќе од само омилено место за студии и работа. Земјата е имено посакуван политички партнер и тоа особено во Брисел. Пред сѐ Полјаците имаат традиционално блиски односи со Обединетото Кралство. Тие имаат слични претстави за динамично стопанство, за разлика од Французите и јужноевропските земји, вели Дариуш Росати. Дали разбирањето со британците понекогаш се користи како замена за германско-полската соработка? Росати уверува дека не станува збор за тоа Германија да биде заменета од страна на велика Британија. На Полска и двее земји ѝ се неопходни како партнери. И германскиот европратеник со шкотско потекло Дејвид Мекалистер повтрдува дека економско-либералната ориентација на Британците наидува на признание во широки кругови во Унијата. „Кога се работи за зачувување на финанскиот и економско-политички разум и за тоа ЕУ да се направи поконкурентна во глобални рамки, тогаш Британците секогаш се многу ценет партнер од доверба“, објаснува политичарот на ЦДУ во разговор за ДВ.

Но, економијата не е сѐ. Лондон има посебна улога пред сѐ во безбедносната политика, која на Источна Европа би ѐ недостигала болно доколку се случи брегзит. Зашто, без Британците европска одбранбена заедница би била исто толку малку замислива како и една монетарна унија без Германците. Тоа се должи, меѓу другото, и на високите издатоци за вооружување на Велика Британија - највисоки во ЕУ, дури и пред Франција. „Со оглед на заканите од Исток и непресметливоста на Русија, евентуален брегзит многу би ја ослабнал ЕУ“, опоменува Росати.

Großbritannien Polen Cameron bei Szydlo
Британскиот премиер Камерон и полската колешка Шидло во Варшава, декември 2015 годинаФотографија: Reuters/K. Pempel

Грција - нареден кандидат за „егзит“?

Збогување на Валика Британија од ЕУ би можело како спореден ефект да донесе избивање на дебата околу излегување на други земји од Унијата, „доколку европската политика им ја препуштиме на популисти“, вели Ковачев. Дали тоа би можело да биде случај со Грција? Киркос смета дека нема место за паника и дека најтежок тест за европската индина не би била Грција, туку многу повеќе Франција, во случај Марин Ле Пен да успее да изненади и победи на претседателските избори во 2017 година.

При сета загриженост околу Британците, Мекалистер сѐ уште е релативно опуштен. Тој смета дека на крајот ќе победи британскиот „common sense“. Сите економски агрументи зборуваат дека на Обединетото Кралство му е подобро како членка на ЕУ.