1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источна Европа во страв

Роберт Шварц / Е.М. Фиданоска22 ноември 2015

Кога во централна и источна Европа се зборува за нападите во Париз, се‘ почесто се повлекуваат паралели со масовниот бран бегалци во Европа. Се зголемува загриженоста околу безбедноста.

https://p.dw.com/p/1H9JP
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovskia

Тензичната безбедносна состојба по нападите во Париз во земјите од централна и источна Европа доведе до жестоки реакции против актуелната политика кон бегалците во ЕУ. Не е засилено само полициското присуство во центрите на градовите, туку заострени се и граничните контроли и надгледувањето на бегалските кампови. Меѓутоа, она што најмногу се заострува е реториката против бегалците муслимани.

Во Полска новата конзервативна влада стави јасно до знаење дека по нападите во Париз веќе е неодржлива обврската за прием на бегалци. Варшава „нема политичка можност“ за спроведување на планот на ЕУ, изјави министерот за Европа, Конрад Шимански. Новиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски од сириските бегалци побара да се вратат во татковината и да се борат. На полската телевизија ТВП тој рече дека не е можно „ние да испраќаме наши војници да се борат во Сирија, додека стотици илјади Сиријци (на берлинската алеја) ’Под липите’ си пијат кафе.“

Polen Protest gegen Aufnahme von Flüchtlingen
Протести во Полска против прием на бегалциФотографија: picture-alliance/dpa/R. Guz

Создавање атмосфера против бегалците

И словачкиот социјалдемократски премиер Роберт Фицо реагираше со огорченост по нападите во Париз. Во едно ток-шоу тој нагласи дека неговата влада со месеци предупредува од последиците и опасностите од миграцијата. Како дополнителни безбедносни мерки за спречување на терористички напади тој најави надзор на сите муслимани во Словачка. Десноекстремни кругови во Братислава ја обвинуваат политиката на азил на канцеларката Ангела Меркел за терористичките напади во Париз.

Во Унгарија шефот на десноекстремната партија Јобик, Габор Вона, изјави дека бегалските бранови ја зголемитл опасноста од тероризам во Европа. Затоа, најдоцна по нападите во Париз мора да е јасно дека неговата земја нема да прифати квоти за прием на бегалци, вели тој. Премиерот Орбан нагласи дека мора да се зајакне заштитата на Унгарија. Унгарскиот парламент неделава изгласа закон кој на владата и‘ остава простор да поднесе тужба пред Европскиот суд против правилото на ЕУ за квоти за распределба на бегалци.

Slowakei Bratislava Proteste gegen Flüchtlinge
Словачна не сака бегалци, а особено не муслиманиФотографија: picture-alliance/dpa/J. Gavlak

Отпор против притисокот од ЕУ

Против прием на бегалци се изјасни и поранешниот романски претседател Трајан Басеску, кој досега беше познат по својата проевропска реформска политика. На социјалните мрежи тој ја замоли својата земја „неодложно“ да се спротивстави на квоти за муслимански бегалци, сеедно колкав е притисокот од „европските политички комесари демагози“. Либералниот претседател Клаус Јоханис повеќепати го критикуваше правилото за квоти, но на крајот се согласи со заклучокот на ЕУ. На прес-конференција по нападите во Париз Јоханис повлече јасна линија на поделба меѓу прашањето на бегалците и опасноста од тероризам. Непријателството кон странци и ултранационализмот не смеат да го затрујат нашето општество, рече тој.

Во Хрватска, поради компликуваната состојба по изборите, јавноста засега се концентрира на внтрешнополитички теми. Некои екстремни националистички политичари се обидуваат од нападите во Париз со популистички методи да извлечат политички капитал. На социјалните мрежи има се‘ повеќе коментари полни со омраза, насочени против муслиманите и против бегалците.

Кампања против „гетоата на толеранција“

Бугарската влада на нападите во Париз реагираше со заострени контроли на границата со Турција. При рација, на почетокот на неделата беа уапсени над 300 илегални мигранти. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека сега меѓународната заедница би морала да ги сплоти силите и да се бори против причините за тероризам на лице место. Премиерот Бојко Борисов ги спореди нападите во Париз со 11 септември 2001-ва и зборува за „гетоа на толеранција“ каде „профилот на тероризмот“ ев идлив. Европа сега мора да ја преобмисли својата политика на „интеграција на ризични групи“. Мнозинството Бугари има негатвиен став кон бегалците. Бугарската православна црква од владата побара „да ја запре муслиманската инвазија“.