1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран собори израелско беспилотно летало

ЕМФ/ртр/дпа/афп24 август 2014

Иран, според сопствени наводи, соборил израелско беспилотно летало кое, како што се тврди, навлегло во иранскиот воздушен простор.

https://p.dw.com/p/1CzzT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според наводи на иранските Револуцинерни гарди, беспилотното летало било погодено од ирански ракети непосредно пред да стигне до атомската централа Натанс (на фотографијата), во централниот дел на земјата. Притоа, не се соопштува ниту кога е соборено леталото, ниту од каде Гардите знаат дека станува збор за израелско беспилотно летало. Иранската новинска агенција Исна, која го пренесе соопштението, денеска (24.08) не наведува други детали. Портпарол на израелската армија во Тел Авив изјави само дека Израел не се изјаснува по странски медиумски извештаи.

Израел се чувствува загрозен од иранската атомска програма. Таа земја и Западот од Иран долго време бараат целосно откажување од развој на атомско оружје. Техеран постојано негира дека работи на атомско оружје и тврди дека има право на мирнодопско користење на атомска технологија. Во моментов се во тек преговори меѓу Техеран и групата од пет земји со право на вето во ОН плус Германија околу надминување на спорот.

Иран е повикан до понеделник (25.08) до МААЕ да достави одговор на прашањата за можната воена димензија на атомска програма на земјата. Разјаснувањето на овие прашања значително би го олеснило спорот.