Илјадници Руси на собир за поддршка на своите олимпијци
3 февруари 2018Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денеска соопшти дека ќе је преиспита можноста за укинување на одлуката за доживотна забрана поради допинг за 13 руски спортисти. Тој треба да одлучи дали спортистите би можеле да учествуваат на Зимскиот олимписки игри во Пјеонгчанг.
Доживотна забрана од страна на Меѓународниот спортски суд добија 28 руски спортисти. Од нив двајца би можеле да добијат покана за тренери, а преостанатите 13-мина веќе не се активни, па со самото тоа и не доаѓаат предвид за Олимпијадата.
„Ќе го разгледаме секој случај поединечно пред да донесеме одлука“, изјави денеска портпаролот на МОК, Марк Адамс. Преиспитувањето на одлуката би требало да го прави комисија на МОК под раководство на поранешната француска министерка за спорт, Валери Фурнерон.
Во меѓувреме, во Москва илјадници луѓе им изразија поддршка на своите олимпијци. На собирот се обрати рускиот биатлонец Антон Шипулин:
„Драги сонародници, во нашите вени тече победничка крв. Забраната за мое учество на Олимпијадата ме направи само посилен и ги зајакна моите аспирации да ја бранам честа на рускиот спорт.“
Учесник на собирот од Владивосток вели:
„Се надевам дека за време на Олимпијадата ќе има натпревар во контекст на Олимписките игри, а не во политички контекст. Како што знаеме, Олимписките игри имаат за цел да ги обединат нациите, луѓето и државите.“
Слични собири за поддршка се одржуваат ширум цела Русија - од Москва до Сибир.