1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел нема да попушти под меѓународниот притисок

Александар Методијев/афп/миа12 јули 2014

Подготовки за можен копнен напад - со тенкови и артилерија, спроведува Израел. Тенковите и артилеријата се распоредува долж границата, а досега се мобилизирани 33.000 резервисти од одобрените 40.000 од владата.

https://p.dw.com/p/1Cbds
Фотографија: Said Khatib/AFP/Getty Images

Израел нема да попушти пред меѓународниот притисок да ги прекине своите операции против палестинските екстремисти во Појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека Израел од вторникот (08.07.) нападнал над 1.000 цели употребувајќи двојно поголема сила, отколку во слична операција спроведена во 2012 година.

Според израелскиот премиер, тој имал „многу добри, позитивни“ консултации со американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел. Нетанјаху нагласи дека меѓународниот притисок нема да го спречи Израел да делува со своја сила. „Ниту една терористичка цел во Газа не е имуна“, рече Нетанјаху.

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман вчера изјави дека очекува политичка одлука за копнена операција во следните 48 часа. Според него, она што Израел во моментов го прави е „прва фаза – воени напади“.

Israel plant weitere Luftschläge gegen Gaza 9.7.2014
Според израелскиот премиер Нетанјаху (во средина на фотографијата), „ниту една терористичка цел во Газа не е имуна“Фотографија: picture-alliance/dpa

Во барањето дипломатско решение, како и во претходните примирја меѓу Хамас и Израел, посредува Египет.

„Египет комуницираше со сите страни за да се воздржат од насилство врз цивилите и ги повика да продолжат да се придржуваат до договорото потпишан во ноември 2012 година“, стои во изјавата од египетското Министерство за надворешни работи. „За жал, овие напори наидоа на тврдоглавост“, стои натаму во соопштението.

Хамас не сака да запре со нападите, оти смета дека само се брани и дека Израел е виновен за проблемот. Исмаил Ханија, поранешен премиер на Газа и највисок претставник на Хамас во енклавата отврли каков било крај на нападите.

„Израел е оној кој започна со оваа агресија и тој мора да ја запре, бидејќи ние едноставно се браниме себеси“, изјави Ханија.