Изетбеговиќ за ДВ: ќе го браниме интегритетот на БиХ
13 ноември 2017„Ќе го правам она што ќе го прават сите патриоти во оваа земја- ќе го бранам она што го стекнавме најпрво со борба од 1992 до 1995 година, па и со самиот Дејтонски мировен договор“, одговара Изетбеговиќ на прашањето „што доколку Република Српска прогласи независност?“
„Дејтонскиот мировен договор е на наша страна, историјата е на наша страна, Уставот е на наша страна, интересите на земјите на Балканот, вклучително и на Србија се на наша страна. Интересот на Европа- да нема повторно војна во БиХ, потоа на Балканот, бидејќи еднаш го доби токму од овој град пред 103 години- е на наша страна. Ги имаме сите тие моќници на наша страна за да не се случи една таква авантура“.
Изетбеговиќ е убеден дека мнозинството ќе застане на страна на одбраната на територијалниот интегритет на БиХ. „Доколку произведат второ полувреме, мислам дека оние кои ќе го произведат ќе загубат- се надевам политички, а не воено“, вели за ДВ, Бакир Изетбеговиќ.