1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изетбеговиќ: ЕУ направи инвалид од БиХ

СН/ат/миа29 јуни 2014

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина ја критикуваше ЕУ меѓу другото и за тоа што ја држи неговата земја надвор од евроинтеграциските процеси иако постојано вели дека вратите за прием се отворени.

https://p.dw.com/p/1CSIn
Фотографија: DW/S. Huseinovic

Актуелниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ ја обвини меѓународната заедница, а пред сѐ ЕУ, дека од БиХ напрвиле „инвалид во лудачка кошула“.

Тоа го направи меѓународната заедница, Европејците. Прво поради воведеното ембарго, кога тоа што не правеа ништо и не помага, го покриваа со исраќање хуманитарна помош за да си ја исчистат совеста, а потоа уследи Дејтон со што е инвалидизиран државниот апарат во БиХ, оцени Изетбеговиќ.

Тој истакна дека ЕУ постојано вели оти вратите за прием на БиХ се отворени, но дека и натаму ја држи земјата надвор од интеграциските процеси.

„Инвалидот во чие сакатење учествуваа и тие, сега го држат надвор. Нека не пуштат во собата. Нека го пуштат инвалидот да седне. Да седне заедно со нив, па да почнеме со преговори“, порача Изетбеговиќ.

Според него, ЕУ треба да го почитува она што ја претставува Босна и Херцеговина, она „што е нејзин дух, што е нејзина супстанца“.

Изтебеговиќ ја обвини меѓународната заедница дека дозволила за време на војната во БиХ во 90-те години на минатиот век да биде „растурено и разорено мултиетничко ткиво“ на земјата.

„Тоа се случи пред нивни очи. Затоа тие имаат долг кон нас“, нагласи Изтебеговиќ, на прес-конференција на која беше промовирана идејата на францускиот филозоф Бернар-Анри Леви за собирање еден милион потписи на петицијата за итно отпочнување преговори за членство на БиХ во ЕУ.