1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Статус кво состојбата е фрустрирачка за Македонија

ЖА/миа/макфакс5 декември 2013

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Виена остварил неформална средба со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо, и му порачал дека блокадата на Македонија за почеток на пристапните преговори трае предолго.

https://p.dw.com/p/1ATJh
Фотографија: Petr Stojanovski

Средбата се случила на маргините на третиот годишниот состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка, на која Иванов имаше свои обраќање.

„Никој буквално не губи ништо доколку Македонија ги почне преговорите, напротив, користа е повеќестрана“, му посочил Иванов на Барозо, потенцирајќи ја можноста за паралелни преговори за интеграцијата и надминувањето на билатералните разлики како модел кој би можел да се искористи. Барозо пак, ја потврдил заложбата на Комисијата за продолжување на политиката на проширување со земјите од Западен Балкан, а двајцата разговарале и за состојбите во регионот.