Иванов: Пресудата од Хаг ќе влијае на самитот на НАТО
2 декември 2011
Прашан за очекувањата од самитот на Алијансата во Чикаго, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов посочи дека сe’ ќе зависи од
пресудата на судот во Хаг в понеделник.
„Очекуваме да видиме в понеделник што ќе донесе денот, каква ќе биде
пресудата на меѓународниот суд, бидејќи тоа е поврзано со нашето блокирање
на нашето членство во Букурешт. Очекуваме, доколку имаме позитивна пресуда,
тоа да се одрази и на самитот во Чикаго“, рече претседателот Иванов.
По денешната посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата
на Република Македонија и средбата со министерот Фатмир Бесими и генерал
мајор Горанчо Котески, Иванов рече дека надлежните институции ги следат
сите случувања во регионот поврзани со безбедноста.
Автор:СН/ЖА/макфакс
Редактор: Жана Ацеска