Иванов и Друцас на одвоени средби со Нимиц
19 септември 2010Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доцна вечерва во Њујорк ќе се сретне со медијаторот на Обединетите Нации во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц. Средба со Нимиц утре претпладне треба да има и шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Нема најава за евентуални директни контакти меѓу македонската и грчката делегација, кои во Њујорк учествуваат на Генералното собрание на ОН.
Македонскиот претседател утре ќе се обрати на Самитот посветен на милениумските цели, а ќе присуствува и на состанокот на Глобалната иницијатива што ја предводи поранешниот американски претседател, Бил Клинтон. Предвидено е Иванов во Њујорк да учествува и на вечера организирана од актуелниот претседател на САД, Барак Обама и да се сретне со македонски иселеници.
Автор: ГЧ/СН/миа