1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

ЖА/миа/макфакс1 март 2014

Ѓорге Иванов, актуелниот претседател повторно е избран за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за шеф на државата што ќе се одржат на 13 април.

https://p.dw.com/p/1BI0d
Фотографија: MIA

Иванов доби поддршка од 1099 од вкупно 1.236 делегати кои присуствуваа на денешната конвенција на владејачката партија. Противкандидати на Иванов му беа универзитетскиот професор Јове Кекеновски, кој освои 124 гласови, магистерот на науки Божидар Ночев доби еден, а адвокатот и поранешен јавен обвинител Ставре Џиков десет гласови од делегатите на Конвенцијата. Две гласачки ливчиња се наважечки.

Иванов: Приоритети се стабилност, економски просперитет, соработка, заштита на идентитетот

"Благодарам што по вторпат ми ја дадовте довербата за оваа највисока функција да ја претставувам државата и граѓаните на Република Македонија. Дозволете да им искажам должна почит на противкандидатите. Покажаа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ во секој момент има не еден, туку четири кандидати за секоја најодговорна функција“, рече Иванов.

„Да бидеме обединети, сплотени и сите да и‘ се посветиме на Македонија“, порача Иванов.

Јасно исцртана црвена линија во спорот за разликата околу името, без менување на Уставот и загрозување на македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот, се постулати, како што претходно нагласи претседателот Ѓорге Иванов на денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, врз кои ќе ја води својата политика ако добие поддршка за нов мандат како шеф на државата.

Приротет на Иванов ќе му бидат и евроинтегративниот процес, интеграцијата во НАТО и стратегиското партнерство со САД, регионална соработка заснована на рамноправни основи, преку активна политика на економска и културна соработка и политички дијалог, одговорна надворешна политика, промоција на економските и политичките интереси на земјата и заштита на македонскиот културен и духовен идентитет, ефикасна дипломатија приспособена на современите барања.

Иванов рече дека е продолжи да се залага за владеење на правото и градење култура на законитост, правото да важи еднакво за сите. Ќе соработка со сите институции на државата, на централно и на локално ниво, во функција на осигурување на националното единство, заштита на виталните државни интереси и унапредување на благосостојбата на граѓаните. Тој најави посветеност на многуетничкиот, многурелигискиот, многујазичниот соживот и почитување на различноста во Република Македонија, оддршка на семејството и залагање за негова посебна заштита од страна на државата и институционална поддршка за справување со сите социјални ризици на кои семејството е изложено.

Груевски: Претседателот на државата треба да е обединувачки фактор

Пред изборот на Иванов за претседателски кандидат, македонскиот премиер Никола Груевски истакна дека на Македонија и‘ е потребен претседател кој ќе биде обединувачки фактор и достоинствено ќе је претставува државата и граѓаните,

„Нашиот избор е Македонија. Ни треба човек кој по изборот ќе биде обединувачки фактор во земјата и ќе се грижи за интересите на граѓаните без разлика на нивната религија, верска припадност, социјален статус, партиска определеност или образование и достоинствено ќе ја преставува Македонија. Само така ќе биде корисен за државата. Стабилна личност која ќе знае да повлече луди чекори од државен и национален интерес, кој знае да издржи неправди и критики и да остане со здрав разум при носењето на одлуките“, порача Груевски.