1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Грешката од Букурешт треба да биде исправена

Sime Nedevski29 февруари 2012

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов смета дека НАТО треба да ја почитува Хашката пресуда која jасно укажува дека е направена грешка на Самитот на НАТО во Букурешт.

https://p.dw.com/p/14C2o
Претседатлот на Македонија, Ѓорѓе ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго дека вчерашните изјави на американскиот амабасадор во Македонија Пол Волерс и на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен укажуваат дека тој самит не е за проширување.

„Сепак се надеваме и очекуваме она што беше сторено во Букурешт да се исправи, зашто Грција ги доведе во заблуда другите членки, укажувајќи дека не дава согласност за прием иако согласно Времената спогодба има обврска да го почитува тоа што го договорила со нас и со меѓународната заедница. Токму Америка беше гарантот под референца да влегуваме во меѓународните организации. Зошто се откажаа во Букурешт, треба да одговорат самите“, посочи Иванов.

„Кога има волја, има и начин“

Шефот на државата додаде дека НАТО треба да се изјасни зошто не ја почитува одлуката од Меѓународниот суд во Хаг, која, нагласи, јасно укажува дека е направена грешка на Самитот во Букрешт.

Шефот на државата уште истакна дека за решавање на спорот помеѓу Македонија и Грција е потребен дијалог, но според него волја за дијалог нема кај соседна Грција.

„Кога има волја има и начин. Не гледаме волја кај нашиот јужен сосед да го направи исто што го направија Словенија и Хрватска, паралелно да ги водат процесите и да се дојде до решение. Исто така, волјата се појави помеѓу Србија и Косово и се најде решение“, изјави Иванов при денешната (29.02.2012) посета на Штип.

Тој забележа дека Македонија потрошила 20 години за да ја поттикне Грција да се дојде до решение за спорот со името.

„Тоа што го правеа со Кипар и со Турција сега го прават и со нас. Својот проблем го даваат да им го решава Европска унија и НАТО“, потенцира Иванов.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: А.Трајковска