1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов го поддржува „Јужен тек“

ЖА/макфакс19 јули 2014

„За Македонија е важно дека со проектот ’Јужен тек’ обезбедуваме енергетска стабилност на подолг рок“, истакна македонскиот претседате Ѓорге Иванов во интервју за Итар-Тасс.

https://p.dw.com/p/1CfYa
Фотографија: MIA

Македонија стана дел од „Јужен тек“ за да ги искористи придобивките кои ги нуди проектот, а тоа е добивање дополнителни количества природен гас како чист извор на енергија, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за руската агенција Итар-Тасс, додавајќи дека Македонија, како и другите земји во регионот, чувствува потреба за дополнителни количества гас.

„Со реализацијата на ’Јужен тек’ бизнисмените во Македонија ќе можат да планираат реализација на многу повеќе проекти, бидејќи ќе знаат дека имаат сигурен извор на енергија. За нас е важно дека со овој проект обезбедуваме енергетска стабилност на подолг рок“, истакна Иванов.

Судбината на гасоводот „Јужен тек“ е доведено во прашање поради ставот на ЕУ, која бара спроведување на т.н. трет енергетски пакет.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ се согласи да ја вклучи и Македонија како дел од земјите учеснички во проектот „Јужен тек“ во 2010 година. Преку гасоводот Македонија очекува да ги намали трошоците за набавка на енергија.

Изградбата на проектот „Јужен тек“ беше договорена со потпишување на билатерален договор за соработка меѓу Македонија и Русија во 2013 година.