1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Албанија секогаш била добар сосед а и ние пријателски сме се однесувале

В.Тодоровска25 септември 2013

Регионалните иницијативи ќе можат целосно да се реализираат по влезот на регионот во ЕУ, ја коментираше претседателот Иванов, иницијативата на црногорскиот министер Лукшиќ, за засилена соработка на земјите од регионот.

https://p.dw.com/p/19oKv
Фотографија: MIA

„Соседите секогаш изнаоѓаат начин своите проблеми заедно да ги решаваат. Со Албанија како наш сосед секогаш сме имале разбирање за сите состојби во едната или другата земја. Имало некогаш прашања но секогаш со дијалог и на највисоко ниво сме се труделе тие отворени предизвици да ги решаваме во заемна корист на нашите граѓани , затоа што народот е научен да живее без граници. И затоа очекуваме во ЕУ повторно сите да бидеме без граници да комуницираме како што било некогаш, како што нашите предци знаеле да одат преку Драч во Рим, така сега и новите генерации преку соседите да стигнуваат во соседните земји. Мислам дека Албанија секогаш бил добар сосед а и ние со Албанија сме се однесувале пријателски, , изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов на новинарско прашање за македонско-албанските односи. Тој присуствуваше на активностите на карванот „Спортски бон тон“ во кој учествуваа ученици од седум општини од Македонија.

Прашан дали Македонија ја подржува идеата на шефот на црногорската дипломатија Лукшиќ за создавање западнобалканската шесторка за побрза интеграција во ЕУ, тој одговори дека во регионот има многу иницијативи, но, оти, целиот регион е фокусиран пред сѐ да биде дел од ЕУ.

„Зашто кога ќе бидеме во ЕУ сите регионионални иницијативи ќе можат целосно да се реализираат“, нагласи Иванов. .

Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ изјави дека неговата иницијатива за западнобалканската шесторка е насочена во насока на тоа земјите од регионот, преку соработка, подобро да се подготват за идното членство во Европската унија, а не во насока на обновување на Југославија. Иницијативата за западнобалканската шесторка ги опфаќа Македонија, Црна Гора, Косово – на кое не му се прејудицира статусот имајќи ја предвид Резолуцијата 1244 на ОН, - Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.