Ибрахимовиќ се збогува од ПСЖ
13 мај 2016„Утре е мојот последен натпревар на Паркот на принцовите. Дојдов како крал, заминувам како легенда“, напиша Златан Ибрахимовиќ на својот Твитер профил.
34-годишниот шведски репрезентативец стекна статус на легенда во европскиот фудбал. Освојуваше шапмионски титули во четири национални првенства со Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и ПСЖ.
Роден во шведскиот Малме од татко Босанец и мајка Хрватка, Ибрахимовиќ имаше извонредна кариера во која, освен со головите, вниманието го привлекуваше и со контроверзните и не секогаш скромни изјави.
„Едно нешто е сигурно. Светско првенство без мене не вреди да се гледа“, изјави Ибрахимовиќ, откако Шведска не успеа да се пласира на СП во Бразил во 2014 година.
Летово тој сепак ќе има можност да ги покаже своите квалитети на ЕП во Франција.
Шпекулациите во спортскиот печат велат дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Англија или во САД.