1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златната топка за гламурозниот Роналдо

Б.Мор/ЕМФ13 јануари 2015

За најдобар е прогласен К. Роналдо, по трет пат. Во три други категории триумфираа Германците: Лев е прогласен за најдобар тренер на светот, Кеслер за најдобра фудбалерка, а Келерман за најдобар тренер во женскиот фудбал

https://p.dw.com/p/1EJNH
Фотографија: Reuters//Ruben Sprich

Момент кој му е познат на Кристијано Роналдо. Престижната Златна топка ја добива по трет пат. И сепак, видливо трогнат, рече:

„Сакам да му се заблагодарам на мојот син, на семејството, на мајка ми...“

Роналдо - супер ѕвезда во тим полн со ѕвезди. Има 29 години, а на пазарот во моментов вреди 120 милиони евра.

Со Реал Мадрид претходната година, меѓу другото, победи во Лигата на шампиони и притоа даде најмногу голови.

Раното збогување на Светското првенство со репрезентацијата не и‘ наштети на неговата популарност. Бројот на фанови на Роналдо е огромен. Гламурозното момче знае како да се „продаде“. Можеби и тоа му помогна при изборот.

Германците се радуваат во останатите категории. Во кои, погледнете во видеото:

Златната топка за гламурозниот Роналдо