1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелените најавуваат жестока изборна борба

10 јули 2005

Нема причина да се обесат ушите – со овие зборови германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер ги убедуваше своите сопартијци на конгресот на зелените во Берлин, пред претстојните вонредни парламентарни избори, дека треб ада се борат до последна минута и да стават се на – победа. Зелените ја договорија својата изборна програма, во која главно место имаат темите економија, работа и социјала.

https://p.dw.com/p/Acmx
Фотографија: dw-tv

Зелените влегуваат во изборна борба решителни и со пркосен оптимизам. Тиа имаат намера да го зголемат актуелниот данок за богатите од 42 на 45%, а да ги намалат придонесите на плати на оние што заработуваат малку. Зголемување на данокот на додадена вредност, според зелените не е потребно, зашто би било штетно за конјуктурата и би било социјално неправедно.

Во случај да бидат дел од новата влада и по изборите, зелените имаат намера да се залагаат за една година бесплатни градинки, можност за згрижување на децата уште од нивната прва годиа и за бесплатно студирање на првиот факултет што ќе се одбере.

Денеска, зелените побараа и консеквентна борба против тероризмот, по нападите од Лондон, но предупредија и дека не треба да се кратат несразмерно слободите и правата на граѓаните. Шефицата на зелените, Клаудија Рот, рече дека зелените нема да даваат изборни ветувања и дека пред народот ќе се настапува искрено:

“Искрено – тоа не значи разубавување на фактите, но не значи и говорење полошо отколку што навистина е. Кон ваквиот биланс се вбројува констататцијата - унијата систематски прави блокада. Кон билансот се вбројува и тоа дека како коалиционен партнер на СПД доаѓавме до своите граници и се докажувавме како многу структурно-конзервативни. И тука се вбројува и тоа дека во својата работа правевме и грешки.“

И, кон ваквата искреност припаѓа и она што на сите зелени практично им е јасно: времето на црвено-зелената коалиција на сојузно ниво наскоро завршува. Никој на партискиот конгрес не говори веќе за црвено-зелен проект. Но, нема ниту други опции, иако Фишер во салата рече дека става се врз победа. Зелените се подготвуваат за опозиционите клупи.