Зголемен број барања азил во Германија, од Македонија-двојно
14 јули 2015Најголем број баратели на азил, како и лани, и натаму доаѓаат од Сирија, имено-34.428 луѓе. Најголем пораст има кај граѓаните од Косово-во првите шест месеци оваа година од таму дошле 31.400, во споредба со лани, кога бројот изнесуваше само 2437 луѓе.
И од Албанија зголемен број граѓани сакаат да останат во Германија, од јануари до јуни дошле 22.209, додека лани ги имало само 3.913.
Пораснал и бројот баратели на азил од Србија, од 9361 на 15.822. Постојат размислувања сите земји од Западен Балкан да бидат прогласени за т.н сигурни земји на потекло. Зашто, и натаму шансата за прифаќање азиланти од овие држави е исклучително мала.
За разлика од нив, државјаните на Иракимат добри шанси да добијат ново место на престој во Германија. Нивниот број е зголемен од 2520 на 9286. И од Авганистан доаѓаат се‘ поголем број бегалци, 8179 во споредба со 4528 лани.
На осмо место според бројот баратели се наоѓа Македонија, од каде бројот е удвоен во споредба со лани, од 3736 на 6704 луѓе, при што шансите да се добие статус на бегалец се под еден процент.
Босна и Херцеговина сака да влезе во ЕУ, но и покрај тоа многумина доаѓаат во Германија, 4061 во првите месеци годинава.
МНогу бегалци во Германија дошле и од Еритреја и Африка, 3636, додека од Нигерија пристигнале 2864 баратели на азил.
Напливот на баратели на азил сите не‘ става пред големи предизвици, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие по објавувањтео на статистиката. Важно е првенствено да се прави разлика меѓу „луѓето на кои вистински им е потребна помош и заштита и оние кои во никој случај не доаѓаат во предвид да останат во Германија,“ истакна министерот. Нивниот престој во иднина треба да биде окончуван поконсекветно и поефикасно.