1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заменик шефот на Златна зора не се предава

Штефан Штикелман
23 октомври 2020

Многумина од раководството на грчката неонацистичка партија Златна зора мораат во затвор поради претворање на партијата во криминална организација. Заменикот шеф Христос Папас не сака да се предаде.

https://p.dw.com/p/3kLx7
Griechenland Athen 2015| Christos Pappas, Goldene Morgenröte
Фотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

По пресудата во Грција против раководството на грчката неонацистичка партија Златна зора, заменикот шеф Христос Папас избегна апсење. Според неговиот адвокат, Папас нема да им се предаде на властите. Припадниците  на полицијата извршија претрес на повеќе станови, но не го пронајдоа Папас, извести телевизијата ЕРТ. 58-годишникот е осуден на 13 години затвор поради раководење со криминална организација.

Во затвор се’ уште не е ниту поранешниот пратеник Јоанис Лагос. Тој во моментов е член на Европскиот парламент и ужива имунитет. Грција најави дека ќе побара укинување на имунитетот на Лагос.

Griechenland Athen Parlament Abgeordnete Streit
Христос Папас во акција: во текот на дебата во грчкиот парламент во мај 2016 година тој е присилно отстранет од салата поради навредливи изјавиФотографија: picture-alliance/dpa/P. Saitas

Шефот на Златна зора, Никос Михалолијакоси други членови на раководството на партијата вчера се пријавија во полиција за отслужување на нивните затворски казни. Михалолијакос е исто така осуден на 13 години затвор. Минатата недела, по неколкугодишен судски процес,околу 50 членови на Златна зора добија казна затвор. Шестмина поранешни раководни членови на партијата и пратеници добија затворски казни помеѓу 10 и 13 години.

Мамутскиот судски процес се смета за еден од најважните во политичката историја на Грција. Причина за процесот беше смртта на левичарскиот рапер Павлос Фисас, кој беше убиен од страна на приврзаник на Златна зора во 2013 година. Извршителот го призна делото и е осуден на доживотен затвор. По убиството на Фисас следуваа претреси на објекти и истраги против партиското раководство и голем број други функционери на Златна зора поради други дела, меѓу кои и поседување оружје и создавање крминално здружение.