Заеднички напади врз три локации во Сирија
САД, Франција и Велика Британија нападнаа цели во Сирија. Американското министерство за одбрана соопшти дека акцијата била ограничена на три цели кои се доведуват во врска со хемиско оружје.
Исполнето ветување
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти го наредил бомбардирањето со крстосувачки ракети како одговор на хемискиот напад кој го изведе „тој монструм“- како што Трамп го нарече сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Цели на нападот
Цели на нападите биле складиште, истражувачки центар и сириски капацитети за употреба на хемиско оружје. Руската војска соопшти дека западните сили испукале вкупно 103 ракети а сириската против-воздушна одбрана успеала да пресретне 71 од нив.
Без алтернатива
Британската премиерка Тереза Меј изјави оти немало алтернатива за воената акција, критикувајќи ја Русија поради неодамнешните потези во Советот на безбедност на ОН. Британците користеа авиони „Тајфун“.
Пречекорена „црвената линија“
Се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ги наредил нападите затоа што десетици мажи, жени и деца беа „масакрирани со хемиско оружје“. „Црвената линија е пречекорена“, порача Макрон.
Остра осуда за нападите
Рускиот претседател Владимир Путин силно го осуди нападот на западните сили, кој според него за оправдување имал лажиран хемиски напад и наведе дека Русија повикува на итен состанок на Советот на безбедност на ОН „за агресивните акции на САД и на нивните сојузници во Сирија“
Повредени цивили
Сириската новинска агенција Сана извести дека во нападите се ранети три цивилни лица. Од кругови блиски на сириската војска се наведува оти во нападот врз складиштето за оружје во Хомс се ранети 6 војници.
„Стихиски митинг“
Граѓаните на Дамаск, по нападите на САД, Велика Британија и Франција на Сирија, излегоа на улиците во главниот град. Во Дамаск се виореа руски знамиња, а војниците танцуваа на гласна музика на улиците.