1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев-Пенс: Вашингтон со поддршка за договорот со Грција

ЕМФ
21 септември 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев во Вашингтон разговараше со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

https://p.dw.com/p/35HWe
Zoran Zaev mit Mike Pence in Washington
Фотографија: Mazedonien Regierung

На средбата во Белата Куќа, потпретседателот на САД Мајк Пенс ја изразил поддршката на Вашингтон за покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот договор со Грција што го отвориле патот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, информира македонската влада. Пенс нагласил дека Белата Куќа ја охрабрува и ја споделува визијата на Македонија да биде демократска, просперитетна земја членка на НАТО и ЕУ.

Zoran Zaev mit Mike Pence in Washington
Фотографија: Mazedonien Regierung

Македонскиот премиер Заев го запознал американскиот потпретседател со активностите за спроведување на референдумот. Тој рекол дека Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО, и дека граѓаните на земјата препознаваат дека од нивната одлука на референдумот поканата за НАТО добиена во Брисел, ќе се преточи во протокол за пристапување и со процес за ратификација на пристапување во јануари 2019 година.

Заев и Пенс разговарале и за можноста заеднички да биде прославен приемот на Македонија во НАТО наредната година, информира македoнската влада.

Заев на средба со Пенс