Заврши конгресот на СПД во Мајнц
17 јануари 2006Во Мајнц имаше малку нови содржински елементи. Многу поважно за членовите на партијата беше повторно да се покаже одлучност, и тоа беше успешно, рече шефот на СПД Матијас Плацек на крајот на конгресот.
„Јасно дојдовме до сознание дека тешките фази се зад нас.“
Во Мајнц стана збор за тоа социјалдемократите, програмски да се одвојат од нивниот владин коалиционен партнер Унијата. Имено смета генералниот секретар Хубертус Хаил
„Партиите коалицираат, тие не се спојуваат. Ова не е брак од љубов или нешто слично, оваа е заедница за период од животот и имам впечаток дека на СПД ќе му успее, јасно да покаже, какви ставови има во однос на заклучоците со ЦДУ, каков профил има партијата.“
Овој профил во Мајнц се искристаризила, рече Матијас Плацек: СПД и натаму се залагаат за социјалдемократските вредности – солидарност и праведност
„За што станува збор? Социјална праведност, во изминатите два дена ни стана јасно дека останува политичкотот кариднално прашање. Но мора да констатираме дека предусловите за тоа се наоѓаат во транзиција. Тоа значи дека одново мора да поставиме позиција, бидејќи не сакаме вредностите да постулираат, туку да имаат влијание врз реалноста.“
СПД има намера да смени многу работи особено во областа на семејната политика и образованието. Во овој домен мора да се инвестира, пред се во децата, децата и уште еднаш децата нагласи Плацек и додаде
„Нашиот проблем е премалку деца. Би сакале да создадеме така речи триаголник на модерна социјална држава, повеќе деца, подобро образование и посилни семејства, бидејќи веруваме дека со тоа ќе се генерира и економски раст.“
Но, по лошата иборна кампања се чини дека оваа тема ја откри и Унијата. СПД киритички гледа на овие заложби.
Но најважното СПД го очекува уште во март, кога на таблото стојат три покраински избори, во Рајнланд Пфалц, Батен Виртемберг и Саксонија Анхалт. Покраинските избори ќе бидат првото мерило за социјадемократите под палката на новото раководство и без Герхард Шредер.